Реклама

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Македонија

Лефков: Венко збори едно – Филипче друго, нема договори или преговори за никакви мигрантски кампови и мигранти во Македонија

Лагите и манипулациите од страна на СДСМ и Филипче, за наводни мигранти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лагите и манипулациите од страна на СДСМ и Филипче, за наводни мигранти во Македонија, ја демантираше викендов британскиот амбасадор Метју Лосон.

Откако од петни жили, СДСМ и Филипче се бореа да создадат паника, хаос и хистерија кај граѓаните за пристигнување на мигранти во Македонија, таа лага им се распрсна како меур од сапуница, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Нема договори, нема преговори, нема центри за мигранти, нема мигранти, имаше само деструкција од страна на СДСM и Филипче, и повторување на една иста лага, мислејќи дека таа на тој начин ќе стане вистина. Но, кога таа тема се разобличи и ќе биде демантирана, од страна на претседател на Влада, претседател на држава, министрите за внатрешни и надворешни работи, британски амбасадор, едноставно темата исчезнува, одговорност нема за паниката и нема извинување. Вака функционираат СДСM и Филипче. Растураат пердуви во јавноста, а потоа ние треба да ги собираме.

Реклама

Но, дополнително сме загрижени за амнезијата која ја има чуварот на фотелјата на Заев, Венко Филипче. Впрочем, на сликата која ја гледате во моментот, Филипче вели дека никогаш не зборувал тој за мигрантски кампови. Истите оние мигрантски кампови кои тој и Заев сакаа да ги изградат во 2018 година, па на седница на Влада гласаа за таков план.

Филипче изгледа заборавил, но ние сме тука да го потсетиме. И те како има говорено за мигрантски кампови, кога ширеше паника низ граѓаните. Погледнете ја фотографијата. Филипче одеше чекор понапред и свесно лажеше дека Македонија станува мигрантски камп и црна точка на Европа. Скоро 4 месеци подоцна, ниту има мигрантски кампови, ниту има мигранти, ниту ние сме црна точка на Европа. Само лаги, манипулации и деструкции.

Почитувани, политиките на СДСM и Филипче, водени од српските ПР агенции на Башановиќ, не одат на добро ни на СДСM ни на Македонија. Состојбата во која се наоѓа врвот на СДСM е навистина загрижувачка.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува да ги спроведува бенефитите кои доаѓаат од договорите со Велика Британија, САД, ЕУ, Унгарија. Македонија после долго време станува држава која седи на маса со големите светски сили и е рамноправна во одлучувањата.