Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Лефков: СДСМ, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија преку случајот со државјанството на рускиот државјанин Онишченко

СДСМ, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија. Доказ за тоа е скандалот со доделувањето државјанство на рускиот државјанин Онишченко, човек кој е осуден на затворска казна од 15 години за перење пари и корупција во Украина, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Да ја потсетиме јавноста дека контроверзниот политичар Онишченко бил член на проруската партија на тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович. Онишченко, кој бил во бегство од Украина и тамошните правосудни органи, во време на СДСМ доби државјанство од Македонија откако претходно секоја нормална држава тоа не му го дозволи ниту, пак, му беше дозволен престој.

Човек кој е баран со меѓународна потерница од Украина, во тоа време осомничен за перење пари, а сега веќе и осуден на 15 години затвор, никој не сакаше да го прими во својата држава, само Македонија предводена од СДСМ, Заев, Ковачевски, Спасовски и Виктор Димовски, се потрудија да му дадат државјанство под превезот дека ќе настапува за македонскиот национален тим за јавање коњи.

Реклама

Под голем притисок на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните, СДСМ не издржа и државјанството на Онишченко беше поништено. Руското влијание и политиката во Македонија, единствено имаат влез преку СДСМ, Заев и Филипче.

Но, остана неодговорено прашањето за тогашните шпекулации дека поранешен вицепремиер задолжен за економски прашања се обидувал да контактира со ова лице и да прави економски ангажмани со него. Со оглед на тоа дека прорускиот политичар Онишченко беше претставен од тогашната власт како спортист што ќе јава на коњ за Македонија на Олимпијада, легитимно е да добиеме одговор, која била целта на СДСМ за негово удомување во Македонија и дали некој добро се нафатирал за овој случај?