Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Куманово го одбележа Денот на независноста

Бројни делегации денеска положија цвеќе пред Споменикот на жена борец во Куманово.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројни делегации денеска положија цвеќе пред Споменикот на жена борец во Куманово. Градоначалник, совет, установи, институции, јавни претпријатија, АРМ, МВР; Здружение на борци, граѓани и политички партии положија цвеќе пред споменикот во чест на 8 Септември.

Во говорот градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски се осврна на историските моменти, потенцирајќи ги Илинденците и АСНОМ-ците, чија борба, претставува темел на стремежот кон слободна и демократска држава. На 8 септември 1991 година, граѓаните на референдум ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава, со што беше испишана една од најсветлите страници во современата историја на земјата.

– Нашата сила е во заедништвото, а нашето богатство во различностите. Нашата иднина е во способноста да градиме мостови, а не поделби, да создаваме можности, а не пречки, и да гледаме напред со надеж и верба дека можеме и мораме да изградиме подобра и поубава држава, кажа Димитриевски.

Реклама

Куманово, посочи тој е град во кој со децении се испреплетуваат различни култури, традиции и заедници, но заедништвото останува заедничка вредност. Во обраќањето Димитриевски ја потенцираше и потребата младите да ја гледаат својата иднина во земјата, како и создавање општество во кое трудот ќе се вреднува, солидарноста ќе се почитува, а секој граѓанин ќе има можност за достоинствен и подобар живот.

Триесет и пет годишнината од независноста, како што рече во говорот, е и можност за оддавање признание на сите генерации кои со својата работа, знаење и посветеност придонесувале за развојот на државата.

-Да не заборавиме дека најголемата сила на една држава е во самите граѓани коишто живеат во таа држава. Овој значаен јубилеј е можност да оддадеме признание на сите генерации кои со својата работа знаење и посветеност придонесувале за развој напредок на нашата татковина. Го честитам Денот на независноста на Македонија нека ни е вечна слободата и слободна и просперитетна Македонија-рече меѓу другото Димитриевски.

На свеченоста имаше културно-уметничка програма.