Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Култура на почитување и емпатија меѓу младите предуслов за спречување на родово-базирано насилство

Законските измени не се доволни за спречување родово-базирано насилство – потребна е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законските измени не се доволни за спречување родово-базирано насилство – потребна е промена на однесувањата и градење култура на почитување и емпатија меѓу младите. Ова беше главната порака од завршната конференција на проектот „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“, организирана од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), што се одржа во Скопје.

– Промената на законското решение може само да доведе до повеќе кривични случаи, но доколку не работиме на подигнување на свеста и градење однесување засновано на доверба, почитување и емпатија, нема да ја постигнеме целта на Истанбулската конвенција – а тоа е намалување на родово-базираното насилство, изјави Марија Ристеска, извршна директорка на ЦИКП.

Таа додаде дека проектот се фокусира на работа со младите преку едукација и развој на животни вештини.

Реклама

– Започнавме со програма за момчиња, инспирирана од фактот дека никој не работи со нив. За да постигнеме превенција, мораме да ги поддржиме и момчињата и девојчињата, да ги научиме како меѓусебно да се почитуваат и да комуницираат на нетоксичен начин. Во втората фаза работиме и со девојчињата, затоа што не постои само токсична машкост, туку и токсична женскост. Целта е да се изедначат двата пола и да се подобри меѓусебната комуникација, рече таа.

Стојан Пандов, советник за млади во Кабинетот на премиерот, го истакна демографскиот предизвик и потребата од мерки за младите.

– Мислам дека демографијата не е проблем само во Македонија – тоа е светски тренд, каде што наталитетот опаѓа. Имаме голем „brain drain“ – одлив на млади и талентирани луѓе кои своите способности ги носат во други држави. Како влада, треба да продолжиме да работиме на вакви програми и мерки кои ќе ги задржат младите во Македонија и ќе им овозможат да градат семејства тука, рече тој.

Амбасадорката на Холандија, Озлем Џанел, ја нагласи важноста на еднаквоста и вклучувањето на двата пола.

– Мислам дека е многу важно да им дадеме на луѓето знаење и свест – како да се справат со различни ситуации, како да препознаат проблеми и да реагираат соодветно. Сакам да нагласам дека кога зборуваме за родово базирано насилство, тоа не се однесува само на жените. Потребни се и мажите, рече таа.

Проектот „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“ е дел од регионалната иницијатива Young Men Initiative и се спроведува во девет општини во Македонија од октомври 2023 година. Преку работилници, волонтерство и активизам, младите развиваат вештини за градење здрави односи и стануваат активни чинители во своите заедници.