Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Ковачевски не сакаше техничка Влада, ама за Албанец премиер ќе ја остави да функионира

Не сака техничка Влада, и не се согласува со тој концепт, ама…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не сака техничка Влада, и не се согласува со тој концепт, ама штом треба да се задоволат апетитите на ДУИ, наеднаш техничката влада не е проблем за Ковачевски. Иако ВМРО-ДПМНЕ се откажува од пржинскиот модел и со тоа би изгубиле технички минстри и заменици министри, сепак Ковачевски како и неговите колеги челници на ДУИ не попуштаат, техничка влада ќе имало. Зошто? Затоа што со овој модел ДУИ ќе го добие она што го договори со Заев, а тоа е албанец премиер во последните 100 дена од Владата.

Премиерот Ковачевски пред само 9 месеци јавно зборуваше дека тој не се согласува со техничка влада и е подготвен да го смени законот ако имаат воља партиите, ама сега кога треба да се додвори на интегративците, концептот се чини не му пречи.

  • „Ние имаме еден специфичен Закон за Влада, во кој се предвидува 100 дена техничка влада, концепт со кој јас не се слагам. Ќе ви кажам зошто, тој концепт на Пржинска или техничка влада е договорен во едни услови кога Македонија беше оценета според сите и според нас внатре како заробена држава и сметам дека земја членка на НАТО, која што преговара со ЕУ, која претседава со ОБСЕ, сметам дека не треба да има ваков тип на Влада пред изборите“ рече Димитар Ковачевски – претседател на Влада (16.03.2023).

Доколку Ковачевски би останал доследен на својот став кажан во март годинава, и прифати да се укине моделот на Пржинска влада, тоа практичо би значело дека ќе се замери со интегративиците, кои гласно говорат дека успеале да договорат албанец премиер. А тој албанец премиер би бил предлог на ДУИ, партијата која по последно време се повеќе е во центарот на скандали со сомнеж за криминал и корупција.

Реклама

За првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е понижувачки.

  • „За мене е понижувачки како граѓанин, како политичар, партијата која што во последно време е во центар на скандалите, а тоа е ДУИ да номинира премиер. Не гледам каков квалитет може тој премиер да донесе и каква додадена вредност. Во техничката Влада има повеќе опструкции отколку нешто кое што може да додаде вредност во процесот“ рече Мицкоски на 23.11.2023.

Инаку ова не е прв пат Ковачевски да смени ставови со цел да ги исполни барањата на ДУИ, претходно и токму за датумот на изборите Ковачевски беше дециден дека претседателските и парламентарните избори нема да се споени, но стом партијата на Ахмети даде амин, цврстото НЕ на Ковчаевски, стана меко ДА за одржување на изборите во ист ден.