Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Колку е безбедна храната во македонските училишта – Што јадат нашите деца?

Колку е безбедна храната во македонските училишта? Што јадат учениците? Овие дилеми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колку е безбедна храната во македонските училишта? Што јадат учениците? Овие дилеми се наметнуваат по случаите со салмонела во шест училишта во скопски Карпош. Од Агенцијата за храна и ветеринарство уверуваат дека редовно се вршат контроли .

  • „Контролите во училишните кујни се вршат најмалку еднаш годишно согласно Годишниот план за спроведување на инспекциски контроли. Од страна на инспекциските служби на АХВ од почетокот на годинава досега спроведени се 51 инспекциски надзори во училишта од кои 36 редовни, 10 вонредни и 5 контролни инспекциски контроли.“ – Велат од агенцијата за храна и ветеринарство.

Оттаму додаваат дека во изминатава година издале 3 наредби за утврдени неправилности во училишни кујни, една мерка за едукација, а едно училиште морало да плати и парична казна.

Од почетокот на годинава до крајот на септември, инспектротие спровеле скоро 40 000 контроли во внатрешниот промет. А онаму каде утврдиле недоследности, издале над 3000 мерки.

Реклама
  • „Решенија за отстранување на утврдените недоследности, изречени се мерки за едукација на операторите, а изречени се и парични казни. Поднесени се и прекршочни и кривични пријави за непостапување по наредени мерки за спречување на ширење на заразни болести.“ – Информираат од агенцијата за храна и ветеринарство.

Додека пак за храната која ни доаѓа однадвор, според податоците од агенцијата, годинава тие вратиле или уништиле 160 тони увозна храна. Најмногу забраниле влез на пилешко месо од Полска и Италија, скоро 70.000 тони. А потоа следат млечни производи како јогурт, павлака и млеко од Србија, Грција и Босна, каде вратиле скоро 40.000 тони храна.

Никола Цветкоски