Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Кога се сака, се може: Почна расчистувањето на депонијата Вардариште, на нејзино место ќе никне нов парк

Депонијата Вардариште заминува во историјата. Местото кое што со децении ги труеше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Депонијата Вардариште заминува во историјата. Местото кое што со децении ги труеше скопјани, полека, но сигурно почна да се средува. Багери го претрупуваа земјиштето и рамена теренот, а опасниот отпад и ѓубре беше изнесен со камиони. Надлежните започнаа со површинско чистење, а потоа ќе следи и процесот на одгаснување. Операциата која трае веќе неколку дена се спроведува согласно изработена физибилити студија и предвидена динамика.

Станува збор за сложен и сериозен зафат, кој за првпат се спроведува во државата по нејзината независност, и претставува значаен чекор во решавањето на еден децениски еколошки проблем. По оваа фаза, ќе следува процес на одгасување на депонијата, кој ќе го реализира специјализирана компанија со соодветна експертиза“, велат од Град Скопје.

Местото кое со децении беше извор на потенцијални зарази, ќе прерасне во еден од најголемите паркови во Скопје, кој ќе се простира на површина од 300.000 метри квадратни и ќе биде изграден по сите европски и светски стандарди. За градоначалникот градот Скопје конечно ќе добие нови бели дробови и ќе го подобри квалитетот на живот на граѓаните, мешто што беше негово ветување.

Реклама

„На местото на повеќедецениската депонија на „Вардариште“ ќе изградиме нов современ парк по сите стандарди“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје во предизборието.

Од град Скопје засега не одговорија што ќе биде со луѓето кои живееја на ова место во импровизираните куќарки, дали и тие ќе се рушат.

Со години, Вардариште беше место на кое избувнуваа пожари што предизвикуваа густ чад, мирис и дополнително загадување на воздухот во околните скопски населби. Дел од најголемите проблеми беа пожари што редовно избувнуваа поради палење кабли и отпад, каде што индивидуи гореа материјали за да извлечат метали како бакар, што дополнително ја влоши еколошката состојба на областа.

Жителите на населбите како Аеродроми Ново Лисиче често реагираа на дневниот чад и загадување, организирајќи протести со барања за итно решавање на проблемот вклучувајќи поставување термални камери, 24-часовен надзор и ограда за спречување на пристап на лица што палат отпад.