Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Коалицијата Вреди ги договори имињата на новите министри во Владата

Во Коалицијата Вреди се усогласени новите министерски позиции, по изборот на Изет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Коалицијата Вреди се усогласени новите министерски позиции, по изборот на Изет Меџити за градоначалник во Чаир, посочуваат извори од коалицијата. Од Владата пак велат дека до нив Вреди се уште нема доставено предлог и очекуваат како што денеска кажа премиерот Христијан Мицкоски тоа да се случи најдоцна до понеделник.   

Според извори во коалицијата Вреди, Беким Сали ќе биде кандидат за функцијата прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа за ресорот животна средина, додека Башким Бакиу ќе биде предложен за нов министер за здравство на местото на Азир Алиу. Алиу, пак, треба да ја преземе директорската позиција во Агенцијата за електронски комуникации.

Актуелниот министер за евроинтеграции Орхан Муртезани е номиниран за амбасадор во Брисел.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите кажа дека очекува имињата на новите функционери, Вреди до него да ги достави в понеделник, откако ќе бидат искристализирани, но, дополни дека тоа се оние имиња, кои горе долу циркулираат во јавноста. 

– Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави Мицкоски.