Реклама
Македонија

Која е жената чие тело во распаѓање беше најдено кај Зрновска река – Се очекува да се открие денеска

Се очекува денеска да биде идентификувана жената чие тело беше пронајдено во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се очекува денеска да биде идентификувана жената чие тело беше пронајдено во кочанското село Зрновци. Од судска медицина за Алфа потврдуваат дека првичните резултати за идентитетот обвинителството ќе ги добие денеска, а целосниот обдукциска наод во следните денови.

Истрагата на обвителството пак треба да утврди како настанала смртта, дали на телото влијаел човек или животни со оглед на тоа дека е пронајдено во фаза на распаѓање,  обезглавено и без други делови.

Полицијата, пожарникарите и обвинителството до доцна синоќа го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев. Од МВР соопштија дека пријавата за телото пристигнала околу 10:40 часот во СВР Штип, по што веднаш биле преземени мерки за увид и расчистување на случајот.

Реклама
  • На 21.03.2026 во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци во место викано Ѓошевски орев во близина на зрновска река е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. По насоки на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ велат од МВР.

Жителите на Зрновци се потресени и посочуваат дека никој од нив не бил пријавен како исчезнат, ниту се барал од властите.

Обдукцијата и истрагата ќе треба да ги разјаснат мотивите и сторителот на овој трагичен настан.