Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Климатска акција за позелени и поквалитетни јавни простори во Карпош реализираше Центарот за климатски промени

Центарот за климатски промени, во соработка со Општина Карпош и ООУ „Лазо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за климатски промени, во соработка со Општина Карпош и ООУ „Лазо Трповски“, ја реализираше локалната климатска акција „Green Spaces, Safe Places – Зелени површини, безбедни места“, посветена на подигнување на јавната свест за значењето на урбаното зеленило и неговата улога во создавањето поздрави, побезбедни и климатски поотпорни јавни простори. 

Активноста беше насочена кон истакнување на важноста на зелените површини во услови на климатски промени и сè поизразени високи летни температури. 

-Урбаното зеленило придонесува за обезбедување сенка, намалување на прегревањето на урбаните површини и подобрување на условите за престој на отворено, поради што неговото зачувување и унапредување претставува важен дел од локалното климатско дејствување, наведува  Центарот за климатски промени. 

Реклама

Централен дел од настанот одржан вчера беше едукативната и креативна активност со учениците од второ и трето одделение од ООУ „Лазо Трповски“, кои  украсуваа саксии и засадуваа растенија, стекнувајќи практично искуство за грижата за зеленилото и одговорното однесување кон заедничките простори. 

Како дополнителен придонес кон унапредувањето на урбаното зеленило, Центарот донираше три садници на Општина Карпош, наменети за засадување на соодветна јавна површина, во координација со надлежните општински служби. 

Покрај едукативната и практичната активност со учениците, Центарот за климатски промени спроведе и прашалник за состојбата на зелените и јавните површини во општините низ Северна Македонија, со цел да се согледаат искуствата и ставовите на граѓаните во однос на достапноста, квалитетот, одржувањето и безбедноста на овие простори, како и нивните потреби и предлози за подобрување. 

-Резултатите од прашалникот укажуваат на значително незадоволство кај дел од испитаниците од постојната состојба на зелените површини. Дури 87 проценти сметаат дека зеленилото во нивните населби е недоволно или дека постојното треба да се зголеми, додека 63 проценти ја оцениле општата состојба на зелените и јавните површини со ниска оценка (1 или 2 од 5). Дополнително, 76% од испитаниците дале ниска оценка за одржувањето и чистотата на зелените и јавните површини што ги користат. Овие податоци покажуваат дека, покрај потребата од нови зелени површини, особено внимание треба да се посвети и на квалитетот и редовното одржување на постојните, се наведува во соопштението.

Центарот за климатски промени посочува дека преку вклучувањето на најмладите, практичните активности и прибирањето граѓански мислења, ќе продолжи да промовира пристап во кој локалното климатско дејствување се темели на едукација, активно учество и конкретни придонеси кон заедницата.