Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Ќе се контролираат возилата и ќе се следат камерите на МВР- засилени контроли во Скопје поради кучињата кои се носат од други градови и држави

Засилени контроли на возилата при влез во Скопје, а ќе се користат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засилени контроли на возилата при влез во Скопје, а ќе се користат и камерите на МВР за лов на несовесните граѓани кои од други градови и држави пуштаат улични кучиња низ скопските населби. Откако во Скопје се појавија глутници кучиња од Град Скопје најавуваат засилени мерки во соработка со Министерството за внатрешни работи. Главна цел е да се намали бројката на уличните кучиња кои неретко се агресивни и напаѓаат случајни минувачи и деца.

Градот Скопје стапува во контакт со МВР за засилени контроли на сите типови возила на влезовите во главниот град, но и во внатрешноста на градот со цел пресретнување на евентуално транспортирање на кучиња, за што постојат сериозни индиции. Дополнително, во координација со МВР во предвид е и користење на камерите на МВР за да се разјасни ваквата состојба која ја загрозува јавната безбедност на граѓаните.“- велат од Град Скопје.

Дополнително од Град Скопје информираат дека неколку кучиња веќе се заловени и истите немаат никаква маркица. По реакциите на граѓаните откако во Карпош била донесена глутница од над 20 кучиња, кои не биле чипирани и стерилизирани, општината соопшти дека будно ја следи состојбата и бара заедничка соработка со Град Скопје и ЈП „Лајка“ за решавање на проблемот.

Реклама

Евидентно е дека бројот на бездомните кучиња во последните неколку денови е зголемен, па затоа, во соработка со Градот ќе работиме интензивно на изнаоѓање на решение за моменталната состојба,  како и на трајно решавање на проблемот со уличните кучиња.“- велат од Општина Карпош.

Од ЈП „Лајка“ велат дека причната за појавата на глутниците е тоа што масовно и организирано со комбиња се носат кучиња од други градови и се истовараат во општините во Скопје. Нивните екипи веќе се на терен на повеќе локации во општината при што се врши заловување и хуман третман на кучињата согласно процедурите и стандардите за благосостојба на животните. Според статистиките на МВР во последните 3 месеци на територијата на Скопје 189 граѓани пријавиле дека биле нападнати од куче скитник, а најалармантно е во општините Гази Баба и Аеродром со 46 односно 39 пријави.