Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

„Катимерини“: Во кабинетот на грчкиот премиер постои размислување Мицотакис да го посети Скопје по повод активирањето на продуктоводот

Во последно време во Максиму (Премиерската палата) постои едно интересно размислување: премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последно време во Максиму (Премиерската палата) постои едно интересно размислување: премиерот во следниот период да го посети Скопје, пишува грчкиот весник „Катимерини“, а повод за ваквите размислувања и евентуалната посета на Кирјакос Мицотакис е договорот за одново активирање на продуктоводот Солун-Скопје.

Според весникот, во следниот период ќе се донесе одлука дали грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ја посети земјава.

Во текстот под наслов „Предлози за посета на Скопје“, „Катимерини“ пишува дека размислувањата се по повод „неодамнешниот договор на „HELLENiQ ENERGY“ со Владата на Македонија за активирање на стариот нафтовод долг 213 километри, што ги поврзува Солун и Скопје и не се користи од 2013 година“ и додава дека преку продуктоводот ќе се транспортираат нафтени деривати (главно дизел), а можеби и други горива, од рафинеријата во Солун.

Реклама

– Активирањето ја зголемува енергетската безбедност на Македонија преку енергетската зависност од Грција, што се смета за враќање кон една стара догма на надворешната политика за економско продирање на Балканот. Доколку сепак се реализира патувањето, одлуката ќе биде донесена во следниот период, пишува „Катимерини“.

Доколку посетата навистина се реализира, тоа ќе биде прва на Мицотакис на нашата земја и втора посета на грчки премиер на Скопје во последните седум години.

Во вторникот, Министерството за енергетика соопшти дека продуктоводот, преку кој ќе се транспортира дизел-гориво од Рафинеријата во Солун до рафинеријата „Окта“ во Скопје, по 13 години, повторно се става во употреба и дека се извршени сите потребни проверки за функционалност на системот, а м министерката Сања Божиновска посочи дека „ова е значаен чекор кон воспоставување сигурен и модерен систем за снабдување со деривати“, а прецизното мерење, контролата и меѓународната верификација „значат доверба, стабилност и долгорочна енергетска сигурност за државата“.

Продуктоводот, пуштен во функција во 2002 година за пренос на сурова нафта, по 2013 година беше предмет на инвестиции за негова пренамена во инфраструктура за транспорт на дизел-гориво.

Станува збор за систем во должина од 213,5 километри. Инфраструктурата располага со 15 блок-вентил станици за подобрено управување и високо ниво на безбедност, складишни капацитети од 80.000 м3 во Грција и 30.000 м3 во Македонија, како и современ SCADA-систем за следење притисок, температура и проток во реално време, што гарантира долгорочна сигурност и ефикасност.