Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Јорданов: Министерството за одбрана да престане да врши селекција при исплатата на блок дотациите за штипските пожарникари

Министерството за одбрана да престане да врши селекција при исплатата на блок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за одбрана да престане да врши селекција при исплатата на блок дотациите за пожарникарите, бара штипскиот градоначалник Иван Јорданов. Тој тврди дека не се почитуват законските одредби кога станува збор за распределба на средствата со кои се исплаќаат платите на пожарникарите. Некој општини добиваат повеќе, а некој помалку. Најалармантно е во Штип. За да се покријат трошоците за одржливост на штипската Противпожрна служба, секој месец од општинската сметка  по овој основ се исплаќат средства во висина на едно детско игралиште, односно по 2милиони денари, а од држвата се инкасират само скромни 700.000денари.

„На Општина Штип само за десет пожарникари се исплаќаат финансиски срдства, остатокот од 23 пожарникари, општината го презема како обврска, за разлика еве да речеме со соседната општина Велес каде има исто 33 вработени, но блок дотациите които ги добиваат од Министерството за одбрана и Министерството за финансии се за вкупно 33„ изјави Ивн Јорданов, градоначалник на тип.

Не само Штип е засегнат со овој проблем. Неправда во однос  распределбата на парите трпат и останатите општини , објснува претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓоргиев. Тој потенцира дека на оваа тема е веќе разговрано со министерот за финансии. Сепак не е оптимист дека власта има капацитет да го реши проблемот кој се провлекува со години.

Реклама

Во меѓувреме општината и Синдикатот на пожарникирите потпишаа  нов Колективен договор. Платата ќе им се зголеми, а редовно ќе им се исплаќаат и додатоците на плата, што не беше случај до сега, па општината често беше давана на суд.

„Во минатите години неколку стотици илјади евра се исплатени на име на судски и адвоктски трошоци од страна на општината за да го спречиме овој тренд. Склучивме нов Колективен договор со којшто ги усогласивме законските обврски коишто ние ги имаме, во однос на висината на платат којашто ја земат пожарникарите„ истакна Јорданов .

Со новиот Колективен договор се предвидува два пати годишно на пожарникарите им се врши тестирање на физичка подготвеност.

Согласно Законот за пожарникарство, нивниот број зависи од бројот на жители, односно на секој 1500 жители, потребно е да има по еден пожарникар. 

Александра Ристевска