Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Jавна дебата во Берово на тема „Асистивна технологија – алатка за социјална инклузија“

ВоОпштина Берово денеска се одржа јавна дебата на тема „Асистивна технологија –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВоОпштина Берово денеска се одржа јавна дебата на тема „Асистивна технологија – алатка за социјална инклузија“, во организација на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.

Настанот собра претставници од институции, организации, лица со попреченост, образовни асистенти и граѓани, кои имаа можност да се запознаат со современите асистивни уреди и решенија, како и со поддршката што ја нуди здружението во насока на подобрување на секојдневното функционирање и зголемување на пристапноста.

Преку презентации, практични демонстрации и отворена дискусија беа разменети искуства и предлози поврзани со унапредување на социјалните услуги, како и со создавање поинклузивна средина за сите граѓани.

Реклама

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, истакна дека локалната самоуправа останува силно посветена на поддршка на иницијативи кои придонесуваат кон еднакви можности и поголема социјална вклученост.

-Асистивната технологија претставува важен чекор кон еднаквост и достоинствен живот за сите граѓани. Како општина ќе продолжиме да поддржуваме проекти и активности кои ја унапредуваат пристапноста и инклузијата во заедницата- истакна Ружински.

Од Општина Берово информираат дека и во иднина ќе продолжат со поддршка на вакви иницијативи кои придонесуваат за развој на инклузивно општество и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Од здружението „Отворете ги прозорците“ посочија дека продолжуваат со активности за промоција и примена на асистивните технологии, со цел нивна поширока достапност и примена во секојдневниот живот.