Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Јаневска: Задоволна сум што и годинава се полнат средните стручни училишта

Задоволна сум што и годинава се полнат средните стручни училишта, изјави министерката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задоволна сум што и годинава се полнат средните стручни училишта, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска откако по првото пријавување во јуни над двојно повеќе ученици се запишале во стручни училишта (9469) отколку во гимназиите (4243).

Се чекаат резултатите од второто јунско електронско пријавување што беше спроведено вчера и денеска кандидатите ги носат документите во училиштата каде што аплицирале. На крајот на денов ќе бидат соопштени резултатите од рангирањето.

Прашана за интересот, таа рече дека пријавувања има за „скопските познати гимназии“, а во една од нив веројатно ќе има и квалификациско тестирање кое според конкурсните рокови треба да се организира на 4 јули. Квалификациско тестирање или т..н приемен испит се спроведува доколку има повеќе ученици со исти бодови од успехот отколку предвидените слободни места.

Реклама

-Таков е законот, такви се правилата и така и ќе постапуваме. Не гледам причина што било во овој правец да се менува. Добро е јавноста да знае, и учениците, и родителите, и наставниците – дека во еден одреден момент на животот ќе се провери знаењето на децата. Ова е еден од стимулите да знаат дека ако сакаат да учат таму каде што сакаат и да ги исполнуваат своите соништа, треба да учат во младоста, а потоа и на своето работно место, изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на настан во Македонската банкарска асоцијација.

Во врска со написи дека три фирми застапници на британски издавачи за учебници по англиски јазик реагирале на повикот на МОН за учебници за овој странски јазик со оценка дека бил „дискриминаторски“, Јаневска одговори дека резултатите не се објавени и, рече, „не знам на што реагираат“.

-Не знам на што реагира кој и да е тој што реагира. Во состав на МОН е Педагошката служба и има директор. Јас како министер во овој момент ниту сакам, ниту имам право да се вмешам во овој процес, но сум одговорна за спроведување на процедурата. Како што е по закон побарано, така се постапува во Министерството, таква информација имам од директорот на Педагошката служба и верувам дека нема дилема дека тука е постапено по закон. Сите што мислат дека има некаков прекршок или за што и друго да се сомневаат, има институции во државата, слободно нека се обратат. Но избор се уште нема, не знам на што се жалат луѓето, рече Јаневска.