Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има докази и приведени лица за подметнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има докази и приведени лица за подметнување на пожарите, преку координирана и добро осмислена акција, особено за Скопје. На новинарско прашање, Мицкоски денеска оцени дека по вчерашните бројни пожари состојбата е под контрола и ги отфрли обвинувањата од опозицијата за неажурност во справувањето со пожарите.

– Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, приведени лица посебно на територијата на Скопје затоа што од тоа што го најдовме кај последниот пожар што се случи вчера навечер после девет часот во близина на Смилковско езеро, но и три лица што потоа беа обезбедени, укажува дека постои основано сомнение за координирана и добро осмислена акција особено во Скопје. Но, она што ме радува е што за 24 часа и покрај исклучително тешките услови, температура помеѓу 35 и 40 степени, проследена со силен ветер на моменти и над 100 километри на час, успеавме сето тоа да го ставиме под контрола. Претпладнево добив информација дека е активен само пожарот во Дојран кај планинатата, нема опасност за населените места и е под контрола, изјави Мицкоски по присуство на настан по повод 80 години од основањето на Црвениот крст.

Премиерот соопшти дека во справувањето со пожарите вчера биле вклучени девет од специјалните армиски возила кои беа преадаптирани, а истуриле 300 тони вода, што е исто како да се направени 75 прелети со полициските и армиските хеликоптери. Најави дека деновиве по техничкиот прием ќе бидат вклучени сите преадаптирани возила и како што нагалси, драматично ќе биде подобрена расположивата механизација и специјални возила за справување со ваквите природни непогоди.

Реклама

– Најмалку кредибилитет да зборува има опозицијата и оние политички лешинари кои орбитрираат во периметар околу, рече Мицкоски.

Лицата кои ќе се пријават на огласот за ангажман за справување со пожарите, според него, во следна фаза ќе бидат добредојдени во институцијата што ќе се основа со реформирањето на системот за справување со кризи.

-Обезбедивме финансиски надомест за луѓе кои ќе бидат регрутирани, тоа е во првата фаза, по поминување на обука, ќе одат чекор понатаму. Имајќи предвид дека се планираат реформите на системот за справување со кризи со обединување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, по завршување на локалните избори сето ова за што сега зборуваме ќе биде и функционално и оперативно. Ги повикувам и сите млади кои сакаат да се вклучат во иднина во таа нова институција се добредојдени, рече Мицкоски.

Владата претходно најави дека ќе ангажира 400 лица за справување со пожарите во летниот период за финансиски надомест од 24.000 денари.