Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Хеликоптери полнат вода од Охридското Езеро за да ги гаснат пожарите

Сред летна жега и пеколни горештини, туристички Охрид во продолжените празнични денови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сред летна жега и пеколни горештини, туристички Охрид во продолжените празнични денови се соочува со пожари кои го зафатија охридскиот регион. Од утрово два хеликоптери се вклучија во гаснење на пожарот што четврти ден ги голта шумите над селата Опеница, Косел, Вапила,  Куратица и Расино.

“Од раните утрински часови се уклучени два хеликоптери кои што гаснат од воздух на тешко пристапни места,пробуваме да ги локализираме тие критични точки, да ги ставиме под контрола,нема опасност помеѓу околните села”- вели  Борко Јанкулоски-командир на ТППЕ Охрид

И додека едни се разладуваат во водите на Охридското езеро, езерската полиција овозможува хеликоптерите да црпат вода која ја испуштаат на критичните места

Реклама

Иако селата каде што изби пожарот се одалечени од градот 15-тина километри,чадот ноќеска силно се чувствуваше во Охрид,  мерната станица на министерството за животна средина покажа двојно поголема концентрација во воздухот на штетните ПМ 10 честички. Но се чини тоа не им пречи на гостите кои го наполнија  туристичкиот центар.

 “Немате претстава каква е разликата  меѓу Кавадарци и тука, тоа е нешто невидено,да се изнаспиеш. Ако не се покриеш, не можеш да спиеш, толку е пријатен и е многу убав“

„Четири дена сме овде и многу е убаво,искрено не сум, видел почиста вода од овде.И покрај пожарите,лесно се дише, Охрид е воздушна бања, така што ќе биде се во ред“

„Јас сум од Германија дојдов пред 2 дена,пријатно е овде. Има доста музички настани,бројни коцерти така што ќе одам на еден и мислам дека ќе останам повеќе денови од планираното”

Во топлите празнични ноќи, Охрид до раните утрински часови,пулсира во ритамот на бројните  културни манифестации и концерти на неколку светски и домашни музички ѕвезди. Музичките настани привлекоа дополнителен број туристи на охридската ривиера, некои од нив дојдоа исклучиво само за бројните културни манифестации. Во моментов во Охрид престојуваат околу 100.000 туристи. Тоа е огромна бројка што создава фреквенција од невидени размери, концертите ја наметнаа неопходноста од превземање дополнителни мерки за безбедност.

Новинар Росица Голабоска