Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Прилози

Груби повторно „уловен“: Го злоупотребил буџетот, приватни возила си полнеле гориво со државни пари, плата се делела на непојавувачи на работа

Покрај играњето фудбал и баскет во канцеларија, Артан Груби во своето министертување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај играњето фудбал и баскет во канцеларија, Артан Груби во своето министертување си го злоупотребувал и државниот буџет, трошел државни пари без основ и трага за што се потрошени. По извршените увиди од Државниот завод за ревизија во Минстерството за односи меѓу заедниците, изразено е неповолно мислење во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи.

Со извршената ревизија се утврдиле состојби кои укажуваат на слабости при начинот на евидентирање и користење на средствата со кои располагале. Се исплаќале плати без доказ за присуство, без покритије се полнело и гориво на државна сметка, односно потрошени биле 516 илјади денари, пари со кои постои сомнеж дека се полнеле приватни возила, а фалеле и лаптопи. Во извештајот за 2024-та година, ревизорите утврдиле нецелосно споревден попис на средства и обврски.

-28 проценти од вкупните основни средства со сегашна вредност од 25.360 евра, не се пронајдени при вршењето на годишниот попис на основни средства, а како резултат на невоспоставена пракса на издавање реверси за задолжување на вработените со опремата која им е доделена на користење, исто така 30 преносни компјутери не се пронајдени со пописот. За седум моторни возила не е воспоставена сметководствена и материјална евиденција, велат од ДЗР.

Реклама

Неправилности има и во исплатата на плати и надоместоци, односно за 61 процент од вработените во Министерството, во периодот кога шеф беше Груби, нема доказ дека воопшто доаѓале на работа, но сепак добивале месечен надоместок.

-За исплата на плати и надоместоци за 244 вработени во Министерството, исплатени се 26.773.565 евра, од кои за 150 вработени по Потпрограмата К5 – Соодветна и правична застапеност на заедниците и како преведувачи или за 61 процент од вработените, исплата на плата се врши без да се обезбеди доказ за присутност на работа и за полно работно време, и покрај воспоставената електронска евиденција на работното време за вработените, велат од ДЗР.

Неправилности се утврдени и во документацијата за реализација на Програмата за финансирање на активностите на здруженијата и фондациите за 2023-та гопдина, по која на 33 од нив исплатени биле средства во износ од повеќе од 320 илјади евра. 

Оние кои се стекнале со правото на користење средства од Министерството, дел од документацијата ја доставиле на албански јазик, без превод на македонски јазик, што не е во согласност со одредбите на Законот за употреба на македонскиот јазик.

-Од вкупно 33 здруженија и фондации, 17 односно 51 процент од нив треба да извршат поврат на средствата во Буџетот на државата во износ од 19.850 евра, од причина што не доставиле докази за трошење на средствата. До денот на ревизијата 14 здруженија вратиле средства во износ од 361 илјада денари, со две здруженија се води постапка за медијација за враќање на средствата во износ 264 илјади денари, додека за едно здружение е поведена судска постапка за поврат на средства во износ од 600 илјади денари, велат од ДЗР.

Од Државниот завод за ревизија укажуваат дека за дел од наведените состојби, по промена на раководството, во текот на 2024 година преземени се активности за нивно надминување, а за дел постапуваат и други надлежни органи.

Матеја Петровски