Реклама

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Македонија

Грозданов: Постапувам во рамките на законот и моите надлежности, следува брза разрешница во конкретниот случај со ОУ „Никола Карев“

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска на прес-конференција децидно изјави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска на прес-конференција децидно изјави дека постапил во рамките на законот и своите надлежности во случајот на судир на интереси, во кој иста личност истовремено е директор во основно училиште и претседател на Советот на Општината, за што исто така денска, советничката група „Доста беше“ во Основниот суд поднесе кривична пријава против него, според нив, за „непостапување“ во споменатиот случај.

-Точно е, на 4 март советничката група „Доста беше“ до мене како градоначалник поднесе барање за постапување за разрешување на директорот на ОУ „Никола Карев“. Во консултација со правните служби во администрацијата на 10 март побаравме автентично толкување од Државната комисија за спречување на корупцијата и нејзино мислење за постапување  во конкретниот случај. На 1 април од нивна страна примивме одговор во кој се вели дека директорот на тоа училиште е должен да ги почитува правилата и прописите за неспоивост на функциите и дека за тој случај веќе е оформен предмет. На 14 -ти месецов, ДКСК до мене како градоначалник достави ново известување со кое се бара постапување според законските правила и прописи и разрешување на директорот или пак тој самиот да си поднесе оставка од функцијата. На 21 април од моја страна е упатено известување до Александар Андов,  директор на ООУ „Никола Карев“, во кое е изнесено комплетното мислење на ДКСК . Истовремено од директорот побарав да постапи според законот и укажувањето на Комисијата во разумен рок, рече Грозданов.

На 4 мај, додаде, добивме одговор во кој стои дека со мислењето на ДКСК се запознаени членовите на Училишниот одбор како највисок орган во училиштето, а тие побарале време за да заземат став со оглед на новонастанатата ситуација.

Реклама

Истовремено, Грозданов најави брза и конкретна разрешница на случајот, можеби уште денеска.

Инаку, советничката група „Доста беше“ до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов и претседателот на Советот, Александар Андов, за, како што тврдат, непостапување во врска со судир нa интереси во извршувањето на повеќе функции на актуелниот претседател на Советот и неразрешувањето од функцијата директор од страна на градоначалникот на Кочани.

Директорот на ОУ „Никола Карев“,  Александар Андов,  пак, тврдењата на советничката група „Доста беше“ ги нарече ноторна лага и ги покажа документите со кои градоначалникот, тој и Училишниот одбор веќе постапиле. Според него, однесувањето на „Доста беше“ претставува театар во недостаток  на нивни идеи и  проекти, што ќе придонесат за развој на градот и Општината.