Реклама
Македонија

Градоначалникот на Скопје, Ѓорѓиевски, казнува фирми загадувачи и ветува нула толеранција

Скопје се соочи со сериозно загадување на воздухот, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје се соочи со сериозно загадување на воздухот, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека нема да има толеранција за правни лица кои го загрозуваат здравјето на граѓаните.

„Во изминатите два дена беа изречени казни на загадувачите, а инспекциските надзори продолжуваат поинтензивно. За здравјето нема компромис“, порача Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека градот веќе објави и препораки за заштита од загадениот воздух и ја поздрави заложбата на Владата за проекти како субвенции за инвертер клими, прочистувачи во градинки, пошумување и гасификација.