Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани нема да доаѓа на работа, за одлуката на Владата ќе се жали пред Уставен суд

Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Ваљбон Лимани од утре нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Ваљбон Лимани од утре нема да доаѓа на работа. Тој потврди дека до денес не е пристигнато официјално известување за назначување на повереник. Tој посочи дека денес му е последен ден на работа во кабинетот и завршил некои формалности, а во меѓувреме не дошол никој да го извести.

– Откако сум дојден, денес немаше официјално ниту известување ниту одлука поврзана со именувањето на повереник. Денес сум општинската зграда да завршам некои формалности и да се поздравам со вработените, всушност ова е мојот последен работен ден во општината, рече Лимани во телефонскиот разговор.

Тој немаше одговор на прашањето кога владиниот повереник Фадил Џелили би ја презел функцијата и дали ќе дојде во општинската зграда.

Реклама

В.д. градоначалникот Лимани на одлуката на Владата ќе се жали пред Уставен суд, бидејќи како што напомена смета дека е незаконита. Тој чекор ќе го направи откако ќе го добие официјалниот документ.

Владата вчера донесе одлука за именување на адвокатот Фадиљ Џелили за повереник во општина Гостивар. Оваа одлука дојде по неуспешните избори за градоначалник на последните локални избори. Лимани посочи дека во овој период на локалната самоуправа и претстојат предизвици, како што се носењето на буџетот и програмите за работа за наредната година, но како што рече не очекува да има застој во тие процеси.

Ваљбон Лимани како кандидат на коалицијата Национална алијанса за интеграции (НАИ) освои мнозинство гласови, но му недостасуваа 22 гласа за да го помине цензусот и да победи во првиот круг. Тој потврди дека ќе биде кандидат за градоначалник на повторените избори кои се закажани за 11 јануари идната година.