Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев ги посети службите што работеа за новогодишната ноќ.
-Традиционално, во првите минути од новата година, градоначалникот со претседателот на Совет на општина Кавадарци, д-р Стојанчо Рамов, ги посети вработените кои беа на службена должност за време на новогодишната ноќ во Кол центарот на Општина Кавадарци, Полициската станица, Брзата помош, Општата болница, Противпожарната единица и РЦ ЈУГ – Гранична полиција Кавадарци, при што им врачи пригодни подароци како знак на благодарност за нивната посветеност и пожртвуваност, информираа од кабинетот на Јанчев.

Во рамки на посетата на ОВР, градоначалникот остварил средба и со началникот на Секторот за внатрешни работи – Велес, Бране Паласков.

Градоначалникот посакал среќна, успешна и бериќетна нова година.
