Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Ѓорѓиевски: Одлуката на КЗК е плод на претходното раководство на ССК

Изречената казна од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изречената казна од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) е за дејствија кои се случувале во февруари 2025 година во кои Сојузот за стопански комори (ССК) е вовлечен од страна на предходното раководство, непочитувајќи ги структурите и кршејќи го статутот на Сојузот на стопански комори на Македонија, посочуваат од ССК.

-Ова се плодовите на работењето од предходното раковотство во Сојузот на стопански комори на Македонија кои се потврдуваат со паричната казна добиена од Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и со нарушување на угледот на ССК, и е една од големот број на причини заради кои едногласно е разрешено предходното раководство на вонредното собрание во јули 2025 година, вели претседателот на ССК Горан Ѓорѓиевски.

Како нов преседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, додава, ќе ја почитуваме одлуката на Комисијата. За заштита на конкуренцијата и изречената финансиска казна и во оваа прилика би истакнал дека единствено слободниот пазар е основниот параметар според кој сe формираат цените.

Реклама

-Сојузот на стопански комори е организација која повеќе од две децении работи во интерес на компаниите, стопанството и економскиот развој, почитувајки ги законските рамки и принципите на професионалност, транспарентност и независност. Нашата улога отсекогаш е да обезбедиме поддршка, информираност и размена на добри практики без какво било влијание врз деловните одлуки на компаните или нивните пазарни политики, посочува Ѓорѓиевски.

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) вчера донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата.

Со донесеното решение се изречени прекршочни санкции – глоби во износ од 3.075.000 денари за секое од трговските друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, додека на Сојузот на стопански комори на Македонија е изречена прекршочна санкција – глоба во износ од 1.143.000 денари, со цел превенција на идни нарушувања и заштита на потрошувачите и пазарната конкуренција.