Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Ѓорѓиевски: Ќе го воскреснам Скопје и ќе бидам градоначалник за сите граѓани

Орце Ѓорѓиевски ќе има задача да го врати Скопје на скопјани –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Орце Ѓорѓиевски ќе има задача да го врати Скопје на скопјани – да го врати сјајот на главниот град. Нова енергија каква што му е потребна на Скопје после едно четиригодишно девастирање и замреност на Градот – вели премиерот и прв човек на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски официјално го презентираше кандидатот за градоначалник на Скопје – Ѓорѓиевски, кој е актуелен градоначалник на Општина Кисела Вода.

Мицкоски вели дека ги научиле сите лекции од минатото за повторно да не згрешат при изборот. За Ѓорѓиевски, е дециден дека убедливо водел на сите партиски анкети и како градоначалник на Кисела Вода покажал и докажал дека умее и сака да работи за граѓаните.

Исклучително е мотивиран да победи, а потоа и да победува секој ден за Градот Скопје и скопјани. Тој е отворен и достапен и посветен работник кој решава проблеми. Нова енергија каква што му е потребна на Скопје после едно четиригодишно девастирање и замреност на Градот. Ќе понудиме програма, заедничка работа и визија за Скопје. Овие избори влегуваме како фаворити, а тоа значи уште поголема одговорност да направиме повеќе, рече Мицкоски.

Реклама

Ѓорѓиевски, свесен за катастрофалната состојба во која се наоѓа главниот град и предизвиците со кои се соочи доколку ги добие изборите на есен – најави решенија и целосна трансформација на Скопје. Ќе се фокусира на сообраќајниот хаос, хигиената, дивите депонии. Ветува дека нема да биде салонски политичар, туку постојано ќе биде на терен меѓу граѓаните, како што бил и досега.

Апсолутно сум свесен во каква состојба се наоѓа Градот Скопје. Апсолутно сум свесен за девастираноста на Градот, за сивилото коешто владее и во коешто живееме сите скопјани. Но исто така сум спремен по завршување на овие избори повторно да го воскреснам Скопје, односно да Скопје стане град за достоинствен живот за сите наши сограѓани, град без делби. Јас ќе останам достапен и близок до сите граѓани во Градот Скопје. Не очекувајте од мене салонски политичар затоа што и во мојата општина додека раководев изминативе четири години покажав дека сум сѐ освен салонски политичар, односно дека сум човек којшто многу често е во населените места, многу често е меѓу граѓаните и секогаш сум подготвен да ги ислушам нивните потреби и барање, рече Ѓорѓиевски.

ВМРО-ДПМНЕ објави уште неколку кандидати за градоначалници – меѓу кои и кандидати за Гази Баба, Лозоово, Пехчево, Ресен, Зрновци – таму актуелните ќе се борат за уште еден мандат.Кандидат за Општина Карпош, ќе биде Сотир Лукровски- бизнисмен и претседател на македонското патриотско здружение В’мбел Егеј. Мицкоски најави дека до август листата со кандидати ќе биде целосно комплетирана.

Што се однесува до соработката со владините партнери, во некои општини каде кандидат ќе биде од ЗНАМ, ќе го поддржат, а листата за советници ќе биде посебна. Премирот ја потврди и соработката на претстојните избори со Коалицијата Вреди. Кој се’ ќе му бидат противници на Орце Ѓорѓиевски во изборната трка за град Скопје се уште не се знае. Најголемата опозициска партија СДСМ се уште бара кандидат за прв човек на метрополата.