Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Гоцевски: Расчистен запуштен простор и нова опрема за пожарникарите во Делчево

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски денеска информираше дека во изминатиот период се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски денеска информираше дека во изминатиот период се реализирани повеќе активности насочени кон уредување на јавните површини и подобрување на условите за работа на службите во градот.

Како што посочи Гоцевски, заедно со припадниците на Територијалната противпожарна единица е спроведена акција за расчистување и уредување на запуштен јавен простор во централното градско подрачје, кој со години бил обраснат и небезбеден, особено во летниот период поради појава на змии и други штетници. Просторот е целосно расчистен и ставен во функција.

– Ова не претставува само отстранување на трева и грмушки, туку пример за одговорен и домаќински однос кон јавниот простор – изјави градоначалникот, упатувајќи благодарност до пожарникарите и до екипите на ЈКП Брегалница за поддршката со механизација.

Реклама

Во рамки на активностите тој изврши и увид во нова донација за противпожарната единица. Донацијата опфаќа 25 јакни, 25 панталони и 10 пара пожарникарски чизми, обезбедени од организациите BIDI DOBAR A NJ NONPROFIT CORPORATION и Подај Рака Спаси Живот.

Според Гоцевски, опремата значително ќе ги подобри условите за работа и безбедноста на пожарникарите.

Паралелно со овие активности, градоначалникот на Делчево изврши увид во работните активност на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ кое продолжува со уредување и разубавување на јавните површини во градот. Во тек е засадување нови садници на повеќе локации, како и уредување на просторот со поставување украсен камен, со што се зголемува зеленилото и се подобрува квалитетот на животната средина.

Од претпријатието најавуваат дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, со цел создавање почист, поуреден и поатрактивен град за сите граѓани.