Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Гаши и делегација од Сенатот на Шпанија разговараа за европската перспектива на Македонија

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со делегација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со делегација од Кралството Шпанија составена од Наталиа Усеро Перез, Хан Помес Лопез и Лукас Кастило Родригес, членови на Комисијата за надворешна политика на Сенатот.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши на средбата им посакал добродојде на гостите, изразувајќи убедување дека ова посета ќе биде почеток на една плодна соработка помеѓу двата пријателски парламента и земји.

Потоа, тој искажал благодарност за поддршката на Шпанија на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија и објаснувајќи ја сензибилноста на ситуацијата со бараните промени на Уставот, изразил надеж дека гостите од Шпанија ќе имат разбирање и ќе помогнат во совладување на последните пречки за одпочнување на преговорите со Унијата.

Реклама

Од друга страна, членовите на шпанската делегација објасниле дека и тие доаѓат од една мултинационална држава и дека ја разбираат сензибилноста на прашањето, но почнувајќи од нивното искуство од патот на Шпанија во Европската Унија потврдиле дека компромисите, иако се тешки одлуки тие на подолг рок ги решаваат проблемите и придонесуваат за мир и развој.

На крајот на средбата, соговорниците изразиле желба посетата да биде успешна и соработката да се продолжи понатаму во заемна полза на двете страни.