Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Фото: Мицкоски: 38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите

Најпрвин ќе ми дозволите да се заблагодарам на општествено одговорните компании коишто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најпрвин ќе ми дозволите да се заблагодарам на општествено одговорните компании коишто еве помогнаа да ова денес што успеавте да го видите, но и она што понатаму ќе го гледаме биде реалност, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Станува збор за полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години не биле запалени. Ја видовте демонстрацијата, видовте како денес сето тоа изгледа и можам да кажам дека многу поподготвени ја пречекуваме сезоната на пожари којашто очекуваме да се случи многу скоро, односно таа е веќе во тек, веќе се појавуваат одредени пожари на одредени делови од територијата на државата.

Благодарност до сите коишто учествува во оваа активност почнувајќи од потпретседателот на Владата Димовски, министрите Мисајловски, Тошковски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на Неготино Горан Стојанов, директорот на Агенцијата за заштита и спасување Ангелов, на сите, буквално на сите коишто земаа учество во оваа процедура, во оваа пренамена на овие полициски и армиски возила коишто ќе повторам беа повеќе од осум години запуштени, незапалена.

Реклама

На овој начин можам да кажам дека државата заштедува неколку десетици милиони евра. Неколку десетици милиони евра е заштедата, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени. Патем можам да кажам дека оваа недела треба да стигне од сервис и вториот авион којшто беше на сервис, третиот го очекуваме да дојде некаде до крајот на месецот или почетокот на август. По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени за справување доколку има пожари и огнена стихија, така што кога би се споредило со минатото навистина не можеме да правиме споредба оваа година.

Исто така во функција и забраната без дозвола за движење во шумски предели и на планините. Така што кога сето ова ќе се заокружи можам да кажам дека многу, многу поподготвени сме од кога било во минатото да се справиме доколку има такви предизвици, се разбира.