Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Форум ЕУ – Западен Балкан, Македонија има што да стави на маса

Стимул за меѓудржавна соработка помеѓу земјите од Западен Балкан и финансиска помош…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стимул за меѓудржавна соработка помеѓу земјите од Западен Балкан и финансиска помош за развивање на енергетиката, транспортот како и дигитална транзиција ќе биде дводневниот лидерски состанок во Скопје. Според познавачите, Унијата на иста маса ќе ги седне челниците од шест држави за да ги мотивира и преку финансиска поддршка за доближување на европските стандарди во однос на инфраструктура, обновливите извори на енергија но и дигитализацијата. Александар Ристевски за Алфа коментира дека надеж за брзи реформи дава и тоа што македонската Влада веќе покажала одредени резултати во однос на тие сектори.

  • „Прилично надеж барем околу македонската влада ми дава работењето на министерот за транспорт Александар Николоски, а она што го прави министерот Стефан Андоновски во Дигитална трансформација. Гледаме дека интензивно се работи и со приватниот сектор и со научните институции за одредени процеси се забрзаат и Македонија да биде многу понапред со исполнувањето на оние квалитативни и инфраструкрни услови пред пристапувањето отколку цело време строго да се занимаваме со политичките прашања кои очигледно секогаш ни се камен за сопнување“ коментира АЛЕКСАНДАР РИСТЕВСКИ – политички аналитичар.

Ристевски вели дека Македонија има потенцијал многу да напредува и во овој дел, а соработката со бизнисот изминатиот период покажува дека и трговците се заинтересирани за обновливи извори на енергија, тема што и Европската комисија го потенцира за состанокот во Скопје.

  • „Она искористување на обновливи извори на енергија Македонија почна да го искористува уште пред 10-тина години, а се вклучи и приватниот сектор. Тоа се фотоволтаиците, гледаме дека државата вложува, гледаме странски инвеститори кои сакаат да вложат во ветерен парк. Следен чекор е тие проекти кои што Македонија ги влече 20-30 години а тоа е инвестирање во базична енергија да ги спроведе“ вели АЛЕКСАНДАР РИСТЕВСКИ – политички аналитичар.

Скопје ќе биде домаќин на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст. Според агендата, на иста маса ќе седнат премиерот Христијан Мицкоски и неговите колеги од регионот а ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Реклама

Лидерскиот состанок ќе стартува со два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст, а вториот на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст и на него ќе учествуваат министри, претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни партнери.

Од Европската комисија велат дека, оваа лидерска ќе биде можност да се разговара за соработка меѓу земјите во области како што се заштитата на потрошувачите, туризмот и единствениот регионален пазар, со цел на унапредување на економската интеграција на Западниот Балкан во единствениот пазар на ЕУ.

Комисијата ќе предложи инвестиции од 87,7 милиони евра во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан. Се очекува ова да привлече речиси половина милијарда евра приватни инвестиции во регионални проекти за чиста енергија. Шест милијарди евра е вкупната сума која Брисел ја планира за регионот.