Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Филипче ја повикал Костадиновска Стојчевска да даде отчет по серијата скандали за ексминистерката

Венко Филиче и закажал состанок на Бисера Костадиновска Стојчевска за да разговараат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филиче и закажал состанок на Бисера Костадиновска Стојчевска за да разговараат за обвинувањата од власта за злоупотреби додека била на фукцијата министер за култура. Претседателот на СДСМ очекува доколку некој неправилно работел да сноси одговорност за тоа, а за целиот случај со Костадиновска Стојчевска за кој секојдневно ВМРО-ДПМНЕ објавува нови скандалозни информации, Филипче повикува на институционална разрешница.

  • Јас за денеска закажав состанок со поранешната мнистерка за култура. Инсистирам тој случај да го расчистат институтциите и доколку има било каков одговорност, секој кој направил некаква неправилност да сноси одговорност за таа неправилност. Тоа што сакам да апропо ова прашање да го осудам е тоа што Владата ги користи сите инструменти на партиски ПР за да се справува со ова прашањ. Инсистирам ова прашање да го расчистат институциите“ рече Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Додека во СДСМ ексминистерката ќе рапортира пред партискито претседател за обвинувањата,  ВМРО-ДПМНЕ обедлодени нови информации за нови злоупотреби од како што ја нарекуваат „Бисера Антоанета“. Според пратеникот Миле Лефков, Костадиноска Стојчевска купила две карти  овој пат за Лондон во вредност од 750 евра и не заминала на пат. Претходно, истиот случај тврди владејчката партија се случило и со две карти за Дубаи во вредност од 3000 евра.

  • Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина – Лондон во еден правец во висина од 44.900  илјади денари, а потоа не заминала на пат и парите пропаднале. Иако патувањето не се реализирало, Бисера Антоанета ги оправдала потрошените пари со купените карти. Не е првпат Бисера Антоанета да купува авионски билети и за илјадници евра, а потоа да не го реализира патувањето. Многу логично се поставува прашањето, ако истата работела според план и програма, тогаш многу лесно ќе се предвидело каде може да отиде, а каде не, очигледно е дека Бисера Антоанета сама како ќе и текне си резервирала карти и плаќала илјадници евра само затоа што мислела дека може и сакала да прошета секаде“ рече Лефков.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за раскалашено однесување и тврдат дека ова е  доказ како Социјал-демократскиот сојуз ја ограбувале државата. Досега, владејчката партија сподели со јавноста документи на кои се гледа дека ексминистерката со службената картичка купувала куфери, чорапи, луксузни подароци во Лондон, а изнајмила и стан во Виена. За утре најавија дека ќе објават нови информации за злоупотреби од Костадиновска Стојчевска.