Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Фетаи: Усвоена е Стратегијата за соработка на Владата со невладиниот сектор

Соопштение на Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи: „Денес на владина седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи:

„Денес на владина седница беше усвоена Стратегијата на Владата на Македонија за соработка и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028

По инклузивен, транспарентен и длабоко консултативен процес со граѓанското општество, државните институции и нашите меѓународни партнери, денес Владата го усвои стратешкиот документ кој ќе ги води државните политики за зајакнување на граѓанскиот сектор во наредните четири години.

Реклама

Стратегијата 2025–2028 е фокусирана на две приоритетни области: создавање поволна средина за функционирање и развој на граѓанското општество, како и зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации и јавните институции.

Овој документ е резултат на заедничка посветеност и отворен дијалог – почнувајќи од јавниот повик во ноември 2024 година, заедничката работна група со граѓанските организации, консултациите преку платформата ЕНЕР, јавните расправи со поддршка од Центарот за ресурси за граѓански организации, па сè до интегрирањето на препораките и коментарите добиени од пошироката граѓанска заедница и институциите. Позитивната оценка дадена од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество го потврдува квалитетот и посветеноста зад овој документ.

Нашата визија е јасна: да изградиме инклузивен, независен и професионален граѓански сектор кој ќе делува како стратешки партнер на институциите во креирањето и спроведувањето на јавните политики.

Сега започнува спроведувањето на Стратегијата и Акцискиот план, со посебен акцент на изградба на ефикасни механизми за мониторинг и евалуација, преку подготовка на пасоши на индикатори во тесна соработка со граѓанските организации.

Оваа стратегија не е само формален документ – таа е конкретна заложба за зајакнување на улогата на граѓанското општество во демократскиот живот на нашата земја. Заедно градиме поодговорни институции, поправедни политики и поодржлива демократија.“