Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Експлозии на две буриња со хемикалии: Пожар во и надвор од кругот на фабриката за оружје и муниција во Самоков

По повторното активирање на пожарот во кругот на фабриката за оружје и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повторното активирање на пожарот во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населба Самоков во моментот гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја, и во кругот и надвор од кругот на фабриката. Пожарот засега нема зафатено производни хали или други магацински капацитети, но итно се преземаат мерки за негово спречување и локализација, информираат од Центарот за управување со кризи. Во моментов се кативни осум пожари во земјава, а еден е изгаснат.

Оттаму појаснуваат дека во текот на денешниот ден (околу 13:00часот), од страна на командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод, пријавено било повторно активирање на пожарот во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населба Самоков.

-Иако претходниот отворен пожар во магацинот беше локализиран пред неколку дена, во ноќните часови била забележана експлозија на буре со хемикалии складирани во веќе зафатениот магацин. Во текот на денот дошло и до втора експлозија на друго буре со хемикалии, по што пожарот повторно се активирал. Во моментот гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја, и во кругот и надвор од кругот на фабриката. Пожарот засега нема зафатено производни хали или други магацински капацитети, но итно се преземаат мерки за негово спречување и локализација, велат од ЦУК.

Реклама

На терен интервенира една противпожарна екипа со едно возило од ТППЕ Македонски Брод. Поради сложеноста на теренот и опасноста од ширење на пожарот, градоначалникот на Општина Македонски Брод побарал поддршка од ТППЕ Прилеп и ТППЕ Кичево. ТППЕ Прилеп веќе упатила едно противпожарно возило со екипа на лице место.

Градоначалникот на Општина Македонски Брод преку повикувачкиот број за итни случаи 112 официјално побарал и воздухопловна поддршка за помош на копнените сили во справување со пожарот. Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ги процесуирал барањата до Министерството за внатрешни работи (МВР), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Генералштабот на Армијата на Македонија. Од ЦУК најавуваат дека остануваат во координација со сите надлежни институции и ќе ја информира јавноста за понатамошниот тек во врска со овој пожар.

Од ЦУК информираат и дека до 14:00 часот, евидентирани се вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активни се во општина Прилеп: с. Бешиште – приземен пожар во мешана шума, општина Македонски Брод: с. Црешнево – гори деградирана дабова шума и грмушки, општина Чашка: под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка – нема активен пламен, но има чад во карпест дел, општина Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Чучер – мешана шума и ниска вегетација, општина Македонски Брод: н. Самоков – во фабриката „Сувенир“ опожарен магацин/хала со гуми и палети, општина Македонски Брод: с. Слатино – гори лисната постелка и ниска вегетација
општина Старо Нагоричане: с. Белаковце – шумски пожар. Изгаснат е еден покжат во општина Чешиново-Облешево: с. Чешиново – стрниште.