Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Една наставничка од скопско„Гоце Делчев“ позитивна на Ковид-19, втората е сомнителна, 17 првачиња во изолација

17 првачиња останаа дома откако нивната наставничка доби позитивен тест на корона…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

17 првачиња останаа дома откако нивната наставничка доби позитивен тест на корона вирус.  Наставничката, која последно настава држела во петокот, е во добра состојба и од денеска предава онлајн. Во истото училиште, „Гоце Делчев“ во скопски Центар, има уште една наставничка  сомнителна на корона вирусот и таа е во изолација. 

Морам да напоменам дека станува збор за една наставничка, која што е позитивна, потврдена и од вчера се во изолација, за да може да се спроведат сите безбедносни мерки за да инфекцијата во училиштето не се пренесе. на цела држава, ова е единственот случај каде имаме случај на деца во изолација. 

Реклама

Наставничката вирусот го добила од нејзниот син .  Втората наставничка пак која е сомнителна на вирусот, ќе се тестира  во сабота. Доколку резултатот е позитивен и нејзиното одделение ќе биде ставено во 14-дневна самоизолација во понеделник. На само една недела од стартот на учебната година до сега заразени се 5 наставници, но сите држеле онлајн настава .


Но министерката се соочува и со друг проблем . Секојдневно средношколците од западниот дел на Македонија се излезени на улица. Бараат властите да им овозможат настава да следат во  училиште . Царовска денеска  не им одговори какво решение ќе најде и покрај заканите од средношколците дека ако не им се остварат барањата тие секојдневно ќе бидат на улица.

Викторија Миткова