Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Една година Министерство за дигитална трансформација

Услугите дојдоа до граѓаните, а не обратно – дигитализацијата стана алатка што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Услугите дојдоа до граѓаните, а не обратно – дигитализацијата стана алатка што го олеснува животот на граѓаните, а не само декларативна цел. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андновски со отчет за сработеното во првата година од мандатот. 120 нови дигитални услуги за граѓаните за да не талкаат по шалтери. Според Андоновски институциите за првпат разменуваат податоци во реално време.

  • „Го воспоставивме првиот правен и институционален систем за сајбер безбедност во земјата. Донесовме нови закони, создадовме сектор за заштита и започнавме со изградба на владин центар за сајбер инциденти. Исто така, ја започнавме иницијативата MKSafeNet – прв национален центар за безбеден интернет за младите. Го основавме INNOFEIT – Европски дигитален иновациски хаб, преку кој домашните компании добиваат обуки, пристап до напредни технологии и тестирање пред инвестирање. Македонија не само што следи, туку и води дигитални процеси во регионот, ги нагласи успесите министерот Андоновски.

Во однос на најавите за вонреден дигитален попис, доколку има политичка одлука за тоа, Андоновски смета дека ќе има технички проблем само околу адресите на живеење кој може министерството да го надмине.

  • „Подотоците од личната евиденција односно личната карта се содржи националноста и во таа насока може да се појде. Прашањето за адресата е повеќе техничко отколку правно, кое што доколку државата се реши за дигитален попис може да се реши со поврзување и крос-контрола на базите на податоци од различните институции кои содржат адреси на живеење на граѓаните“ рече Андновски.

Според Андновски, од први јануари идната година учениците ќе имаат предмети за вештачка интелигенција, а најпрво би се обучувале наставниците а секако ќе има и подобрување на технологијата во училиштата.

Реклама

Министерот потсети дека забранија  над 220 интернет-страници за нелегално онлајн-коцкање,а за во втората година, Андоновски најави национална мобилна SuperApp – за електронска лична карта и возачка дозвола, терминали за услуги, нов државен дата центар, дигитална писменост за секое дете и вработен во јавната администрација.