Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Две години правна сенка со измените на Kривичниот законик, се чека целосно ново законско решение

Непоправлива штета на правниот систем се измените на Кривичниот законик кои на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Непоправлива штета на правниот систем се измените на Кривичниот законик кои на „шверцески“ начин беа донесени пред две години во Собранието од СДСМ и ДУИ. Претседателот на Уставниот суд критикува дека намалувањето на казните за висока корупција биле донесени со европско знаменце без во нив да има каква било европска регулатива, без јавна и експертска дебата во брза собраниска процудура со што пратениците им свртеле грб на граѓаните кои ги гласаат. Според Дарко Костадиновски, Уставен донел историска одкука со тоа што му наложил на законодавниот дом за шест месеци да ги направи потребните измени на Кривичниот законик, рок кој се продолжи поради локалните избори.

  • Наша укинувачка одлука би направиле уште поголема штета од таа што ја направија пратениците. Дента кога ја донесовме одлуката во февруари на прес конференција, кажав дека Собранието направи непоправлива штета на правната држава и на владеењето на правото во нашата историја, и се уште стојам на тој став“ рече Дарко Костадиновски – Претседател на Уставниот суд.

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас вели оваа реформа е од пресудна важност и дека нема време за губење бидејќи секој функционер кој сторил криминал треба да сноси соодветна одговорност.

  • Не е само желбата да државата да ги коригира туку да направи целосно испитување и да донесе нов Кривичен законик кој ќе биде усогласен со законодавната рамка на земјите членки на ЕУ. Одејќи подалеку од овие вредности. Се однесува на многу други области се однесува на еколошки права, на безбедност на сообраќајот на дезинформации, на шверц и злоупотреба на деца, насилни бракови и на насилство“ рече Михалис Рокас – ЕУ Амбасадор.

Владејачкото мнозинство изготви преодни решенија на Кривичниот законик,  за како што велат да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети.

Реклама

Во Министерството за правда е формирана работна група која интензивно работи на изработка на целосно нов Кривичен законик, кој е дел од Реформската агенда и ќе биде усогласен со европските директиви и стандарди, чија примена се очекува во 2026 година.