Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Донесена е одлука за избор на изведувач за Универзална сала, се чека второстепената комисија да се произнесе по жалбата

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска одговарајќи на новинарски прашања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со процесот на реконструкција на Универзалната сала, рече дека е донесена одлуката за избор на изведувач и оти се чека да се произнесе второстепената комисија по однос на жалбата.

-Евалуацијата на документацијата заврши, ја донесовме одлуката за избор на изведувач, тоа беше минатиот понеделник. Чекавме десет дена, претпоследниот ден се појави жалба во однос на одлуката, и сега чекаме второстепената комисија за жалби да се произнесе по однос на таа жалба. Претходниот пат падна тендерот, овој пат се надевам дека тоа нема да се случи, и ако се биде во ред, не знам на која седница на второстепената комисија за жалби ќе се донесе одлуката, но штом се донесе одлуката, веднаш пристапуваме кон потпишување на договорот и почеток на реконструкцијата, бидејќи и средствата се обезбедени за изградба на Универзалната сала, истакна Љутков.

Рече дека процесот за избор на понудувачи бил многу отворен, и на повикот се јавиле само двајца кандидати.

Реклама

-Тоа е многу отворен процес. Ние се надевавме дека ќе има повеќе кандидати за изградба на Универзална сала, но сепак имаше само двајца понудувачи, од кои што на едниот како што одлучи комисијата, да не бидам погрешно сфатен, лиценците после пожарот во Кочани на одредени изведувачи им беа дали одземени, дали привремено одземени, но тој не ги исполнуваше условите, само една компанија ги исполнуваше условите и донесовме одлука таа да биде изведувач на Универзална сала, рече Љутков.

Инаку, како што беше наведено во јавниот повик, рокот за изведување и завршување на целиот објект изнесува две години, а тој рок ќе започне да тече 10 дена од денот на воведување во работа на економскиот оператор.

Новата Универзална сала  ќе ја задржи постојната форма, но ќе биде целосно модернизирана со капацитет од 1.200 седишта, современа акустика и нови технолошки системи. Со цел да се подобри структурната стабилност на објектот и да се зголеми енергетската ефикасност на објектот, како што беше наведено во тендерот, планирано е изработка на нова челична конструкција со изведба на нови темели за новите столбови, нова челична конструкција за куполата, изработка на нова фасадна облога, покривање на куполата со нови енергетско-ефикасни материјали, но и проверка на јакоста на постојната бетонска и на употребливите елементи од постојната челична конструкција.