Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Директорот на прилепскиот „Завод и Музеј“ врши мобинг врз своите вработени ?!

   Целосно неконструктивна и крајно недолична и бездостоинствена комуникација, мобинг во различни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

   Целосно неконструктивна и крајно недолична и бездостоинствена комуникација, мобинг во различни облици и форми, фаворизирање и протежирање на одредени вработени во однос на други, се само дел од поплаките на двасетината од вкупно 32-цата вработени во НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп, а упатени на адресата на првиот човек на оваа установа, Благоја Атанасоски. Овие културни работници, чиј револт и бунт против својот претпоставен го поддржува и Синдикатот на културата на Репубилка Македонија, велат дека круна на самоволието на директорот, а кое траело подолго време, бил неодамнешниот отказ на нивни колега, а кој претходно бил на боледувања оти бил заразен со Корона-вирусот.

  „Набрзо по неговото враќање на работа, директорот формира Комисија за водење на дисциплинска постапка….Раководното лице не го испочитува Законот за работни односи, Законот за култура и Колективниот договор на институцијата, кој предвидува отказен рок пред врачувањето на отказното решение. Законот предвидува и право на приговор по решението на директорот до УО на институцијата…но, УО воопшто не одлучувал по приговорот, како да е тоа прашање на нивна желба, а не законска обврска“, – изјави АЛЕКСАНДАР ЦВЕТКОСКИ, советник-кустос во НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп.

    И покрај досегашните бројни поплаки до надлежните локални, но и државни фактори, вклучително и до ресорното министерство, овие луѓе велат дека никој не се одважил да го реши нивниот проблем.

Реклама

  „Конкретно, од министерката се бара да се повика одговорното лице, меѓутоа со претставници од двата синдикати…и да се разговара или понатаму да не продолжат таквите нешта, да се врати колегата на работа и едноставно да заличиме, во однос на комуникацијата, на установа од култура, а на што сега моментално, не личиме“, рече ДУШКО ТЕМЕЛКОСКИ, вработен во Музејот.

    Одговор за ваквите обвинувања побаравме и од директорот Благоја Атанасоски. Тој одби да даде изјава во камера, но испрати кус писмен одговор во кој се правда дека тој не можел да коментира судски одлуки за престанок на работен однос на работник кој ги повредил работниот ред и дисциплина, а додека за мобингот, Атанасоски се прогласи за ненадлежен и топката ја префрли во Министерството за култура. Инаку, неофицијално директорот Атанасоски, годинава треба да замине во пензија.

  Каролина Дурло