Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Економија

Димитриеска – Кочоска: Фискалната политика ќе балансира меѓу консолидација и развој-Владата доби пофалби од ММФ и Светската Банка 

Владата води сметка да се спречи ценовен шок со нафтата и бензините,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата води сметка да се спречи ценовен шок со нафтата и бензините, но и да се одржи во кондиција државниот бузџет кој е под притисок од активните мерки. Во услови на глобален притисок, состојбата кај нас и натаму е стабилна, а цените на бензиските станици меѓу најниските во регионот и пошироко. Министерката за финансии уверува дека состојбата се следи и ако е потребно ќе се преземат и дополнителни мерки. Државата според неа е фокусирана на одговорно и дисциплинирано управување со јавните финансии како суштински дел од фискалната стратегија која треба да обезбеди развој и намалување на буџетскиот дефицит. Целта е до 2030 тој да се намали на 2,8%:

„фискалната стратегија предвидува намалување на буџетскиот дефицит од 3,5% од БДП во 2027, на 3% во 2028 и 2,9% во 2029 и ниво кое се одржува до 2031 година“, изјави Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Фокусот на фискалната политика ќе биде насочен и кон мерки за намалување на сивата економија и подобрување на даночната дисциплина. Дополнително и на рационализација на расходната страна преку намалување на несуштинските трошоци кај буџетските корисници, со цел јавните средства да се насочат кон политики и проекти со најголем јавен интерес и развоен ефект

Реклама

„Политикте за плати и пензии ќе се водат на начин на кој обезбедува зачувување на нивната реална вредност. Стрикната примена и контрола на законот за јавни набавки треба да обезбеди повисок степен на транспарентност и значајни заштеди на јавните средаства. Паралелно со ова се унапредуваат процесите на планирање и реализација на капиталните инвестиции кои ќе се приоритизираат според нивната подготвеност и според нивниот придонес кон економскиот раст и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, додаде Кочоска

Експертската јавност предупредува дека фискалната политика треба да се води внимателно. Да засили битката со сивата економија, трошоците да бидат продуктивни, но и доколку е потребно да се реагира таргетирано со мерки за поддршка на граѓаните и стопанството.  

„Наша препорака е не да се укинува субвенционирањето, наша препорака е да се промени системот да се оди според аутпутот, а не според засеана површина. Точно да се види каде завршуваат субвенциите во земјоделските производства и за да се зголеми ефикасноста на субвенциите, не само да се оди на плаќање на кеш пари, туку и на субвенции за купување на механизација“, изјави Академик Таки Фити.

Фискално издашните и силните мерки за чеуваат за понатаму. На почетокот секогаш се оди со таргетирани и конкретни мерки. Односно таргетирате кои групи на граѓани се најранливи, таргетирате кои сектори ви се економски најранливи во ситуацијата кога расте цената на нафтата. Се обидувате да го премостите ризикот и цените врз останатите варијабли“, рече универзитетскиот професор Борче Треноски.  Фискалниот совет воедно даде препораки и за зголемување на концептот за јавно приватно партнерство, но и за начинот на кој треба да се дава државна помош во приватниот сектор и за странските инвестици. Според нив, потребно е да се дава помош за развој, а не за плати и придонеси бидејќи инпутот во македонската економија е слаб поради увзоната зависност за материјалите и извозот на истите, со што нема директен влез на средства.