Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

ДИК ги изгласа упатството за увид и јавниот повик за увид во изборачкиот список за четирите општини во кои ќе има повторени избори за избор на градоначалник

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 160 седница едногласно ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 160 седница едногласно ги усвоија Предлог упатство за увид во избирачкиот список и јавниот повик за увид во избирачкиот список од страна на граѓаните во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа, каде што на 11 јануари ќе се повторат Локалните избори за избор на градоначалник. Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко рече дека рокот за објавување на избирачкиот список, односно за започнување на јавниот увид започнува утре на 26 ноември.

-Истиот ќе се спроведува непосредно во сите подрачни одделенија и канцеларии на овие четири општини. Така што ќе биде достапен и на веб страната, но и за сите граѓани, кои сакаат непосредно да извршат увид во подрачните одделенија и канцеларии, посочи Кондарко.

Тој ги повика граѓаните да извршат увид во избирачкиот список во наредните 15 дена, со цел да не им се скрати правото на глас.

Реклама

Членовите на Државната изборна комисија донесоа одлуки и за определување на авансни средства за Општинските изборни комисии, како и на подрачните одделенија и канцеларии во четирите општини, каде што ќе има повторени избори за избор на градоначалник.

На денешната седница на ДИК членовите едногласно ги донесоа и одлуките за парични надоместоци за лица ангажирани во помошни тела, потоа за припадниците на МВР кои ги обезбедуваа деловните простории, доверливиот материјал, за ангажирање на лица во подрачни одделенија каде што нема доволно вработени или пак воопшто немаат вработени ДИК и за лицата кои биле ангажирани како техничка поддршка во ДИК и во Општинските изборни комисии.

Претседателот на ДИК, Кондарко најави дека до крајот на неделата ќе имаат уште една јавна седница, на која што ќе се усвојуваат предлог одлуки поврзани со повторните избори во четирите општини на 11 јануари 2026 година.