Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Демант и предупредување до јавноста од Бигорски манастир за злоупотреба на името на манастирот за продажба на лажни лекови

Братството на Бигорската свештена обител упати демант и предупредување до јавноста за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Братството на Бигорската свештена обител упати демант и предупредување до јавноста за злоупотреба на името на манастирот за продажба на лажни лекови.

-Се чувствуваме должни јавно да реагираме по повод лажните интернет-страници и спонзорирани објави кои деновиве кружат на социјалните мрежи, а во кои грубо се злоупотребува името и угледот на нашиот манастир, како и на монашкото братство, стои во објавата.

Се додава дека во наведените лажни текстови (како оној за препаратот „BoneControl“), измамници лажно тврдат дека монасите од манастирот наводно „измислиле“ или „произведуваат“ чудотворни лекови и масти за зглобови и коски.

Реклама

-Сакаме категорично да изјавиме дека Бигорскиот манастир нема никаква поврзаност со овие производи. Ние не произведуваме, не рекламираме и не продаваме ваков вид на медицински препарати. Секоја изјава, интервју или препорака која наводно доаѓа од нашите монаси во врска со овие производи е целосно измислена и лажна. Станува збор за класична интернет измама која има за цел финансиски да профитира преку манипулација со довербата што верниците ја имаат во Црквата, посочуваат од манастирот.

Од обителта упатуваат апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни.

-Ве молиме да бидете исклучително внимателни. Не ги купувајте овие производи и не ги оставајте вашите лични податоци (име, адреса, телефон) на овие сомнителни веб-страници. Овие „лекови“ се со непознато потекло и состав, и можат да бидат опасни по вашето здравје. Единствените автентични производи на манастирот може да се најдат исклучиво во манастирската продавница или на нашите официјални канали за комуникација, апелираат од обителта.

Посочуваат дека за оваа злоупотреба ќе бидат известени и надлежните органи за компјутерски криминал.