Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Даниела Димовска нов вд претседател на Кривичен суд Скопје

Судиката Даниела Димовска е избрана за вд претседател на Основен кривичен суд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судиката Даниела Димовска е избрана за вд претседател на Основен кривичен суд Скопје. Одлуката беше донесена на денешната седница на Судскиот совет.

Покрај неа за вршители на должноста претседатели до конечен избор се избрани Елјеса Алији за Основен суд Гостивар, за Основен суд Дебар, Мерсим Марку и Основен суд Свети Николе, Валентина Буревска кои на новите функции ќе стапат од 6 јули оваа година.

Во дискусијата за избор на вд претседател на Основен кривичен суд Скопје, по заминувањето на Иван Џолев во Апелациски суд, Судскиот совет го разгледа известувањето на координаторот Данка Ристова. Таа во образложувањето кажа дека процедурата за избор е спорна заради начинот на оценувањето и не се во целост усогласени одредбите за поставување на вд претседател. Нејзиниот предлог за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје на координаторот Ристова беше Даниела Димовска која беше поддржана со мнозинство гласови.

Реклама

Судскиот совет на денешната седница разреши судии поротници во судот во Свети Николе, Основен кривичен суд Скопје и во Основен граѓански суд Скопје на кои им е истечен мандатот.

Советот изгласа и одлука за формирање на комисии за увид и оценка на пријавите по огласот за избор на претседатели на судовите во Дебар, Гостивар и Свети Николе кои ќе ја водат натамошната постапка.

По предлог на членот на Советот Селим Адеми и надлежен координатор, Судскиот совет донесе одлука со која на рок од една година се делегира судијата Драган Јаковлески од Основен суд Битола во Основен суд Прилеп.