Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Честитки по повод Рамазан Бајрам од Дебарското муфтиство, градоначалниците од регионот и СМИР

Дебарското муфтиство, градоначалниците на Дебар, Маврово и Ростуше и на Центар Жупа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебарското муфтиство, градоначалниците на Дебар, Маврово и Ростуше и на Центар Жупа и Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) до сите верници во регионот и  иселениците,  упатија честитки по повод големиот празник Рамазан (Фитр) Бајрам.

-Да не дозволиме духот на Рамазан да остане зад нас. Нека нашите срца продолжат да бидат живи со милост, нашите раце отворени за помош, а нашите зборови исполнети со добрина и мудрост. На овој ден, да се сетиме на сиромашните, на осамените и на сите оние на кои им е потребна нашата поддршка. Вистинската радост на Бајрам се огледа во тоа да ја споделиме среќата со другите. Нека Бог ни подари мир во срцата, благослов во домовите и единство во заедницата, стои во честитката на Дебарското муфтиство.

Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, во честитката посакува мир, здравје, радост и благосостојба во секој дом. 

Реклама

-Овој свет празник е симбол на жртва, солидарност и милосрдие – вредности што нè обединуваат и нè прават посилни како општество. Нека ни послужи како момент на размислување и зближување, зајакнувајќи ја довербата и почитта меѓу нас, посакува Меља.

Празникот го честитаа и градоначалниците на општините Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски и на Центар Жупа, Аријан Ибраим.

-Овој ден е симбол на победата на духовното над материјалното и потсетник дека само со трпение, почит и разбирање можеме да градиме подобра иднина. На овој голем ден, посебни честитки до нашите сограѓани во дијаспората, кои иако се далеку, секогаш во срцето го носат својот роден крај. Нека празничната трпеза биде исполнета со радост, а вашите души со спокој, се наведува меѓу другото  во честитките.

Претседателот на СМИР, Латиф Пајкоски, во свое и во име на Сојузот на сите припадници на исламската религија им го честита големиот празник Рамазан Бајрам, со желби за многу среќа, здравје бериќет, мир, благосостојба и разбирање.