Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

Честитка по повод Велигден упатија македонската партија МАЕИ, здруженија и градоначалникот на Пустец

По повод Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, честитка до верниците упатија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, честитка до верниците упатија партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, и македонските друштва и здруженија, како и градоначалникот на Пустец. 

-Чествувањето на празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Нека Велигден ни донесе мир, љубов и нова надеж. Да се радуваме со блиските и да ја славиме светлината на животот, посакува  МАЕИ во честитката. 
 

Честитка до поглаварот на МПЦ-ОА и до сите верници упати Македонското друштво “Илинден“. 

Реклама

-На Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отворете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас. Честит и вековите Велигден,  стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај. 

Честитки упатија и друштвото “Преспа” и здружението “ВМРО ДПМНЕ Албанија” во која наведуваат дека “Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Нека Велигден ни донесе мир, љубов и нова надеж”. 


Од свое и од име на општинската администрација и Советот на општината честит Велигден посака и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски. 

-Нека овој свет ден биде исполнет со мир, љубов и благослови за вас и вашите најблиски. Нека се воскресне надежта, радоста и светлината во нашите срца. Честит Велигден, стои во честитката на градоначалникот Колефски.