Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Божиновска: Со годишниот план за 2025-та инвестиции од околу 1,4 милијарди евра

Изградба на енергетски објекти со вкупна моќност од 1.265 мегавати, предвидува годишниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградба на енергетски објекти со вкупна моќност од 1.265 мегавати, предвидува годишниот план за 2025-та, што е околу 1,4 милијарди евра инвестиции, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска.

Како што информира Божиновска на брифинг со новинарите, од овие 1.265 мегавати,  хидроцентрали се 15, фотонапонски се 812, ветерни се 426 и уште 11 се за биомаса. Во финална фаза е прегледувањето на сите документи.

-Првпат имаме и интегрирани и изолирани складишта. За изолирани складишта имаме 675 мегавати, а интегрирани се само 93, истакна министерката.

Реклама

Според неа, донесен е и Правилникот за изградба на енергетски објекти и до него ќе мора да се држи секој инвеститор. Во Правилникот е прецизно објаснето што треба да поднесе секој потенцијален инвеститор, почнувајќи од физибилити студија, независно за каков објект се работи.

За 2026 година до Министерството се пристигнати барања за изградба на енергетски капацитети со вкупно 10.950 мегавати моќност од кои 1.697 мегавати ветерни централи, 4.758 мегавати фотоволтаици, една гасна централа од 21 мегават и една гасна когенеративна централа. Има барања и за 2.573 мегавати самостојни складишта, како и за 1.405 мегавати интегрирани складишта.

-Вкупно се 10.950 мегавати што е многу. Ова е сериозна бројка и МЕПСО ќе треба да прави план, односно мрежата треба да се зајакне, истакна Божиновска.

Дополни и дека до 31 јануари 2026 година треба да помине владиниот план, а во меѓувреме ќе се оценува дали доставената документација за енергетските објекти е во ред. Министерката на брифингот соопшти и дека во првиот квартал ќе се донесе законот за обновливи извори на енергија.