Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Борисов: Условите се тие, ако не ви допаѓаат никој не ве тера со сила во ЕУ

Бугарскиот премиер ги затвори сите дилеми за кои власта се обидува да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарскиот премиер ги затвори сите дилеми за кои власта се обидува да пласира смирувачки ноти: Бугарија нема да отстапи од своите услови за да дозволи европска интеграција на Македонија, потеницраше синоќа бугарскиот премиер Бојко Борисов по завршувањето на ЕУ самитот во Загреб. Борисов дециден дека неговата земја нема да отстапува од договорот за добрососедство, според кој Македонија треба да се откаже од јазикот, македонското малцинство во Бугарија и да прифати дека дел од македонските револуционери биле Бугари.

  • Ние сме европска држава и работиме по европски терк, а тоа е да работиш според  документи.  И кога 27 држави ќе поддржат документ во кој спроведувањето на Договорот за добрососедство е наведено како услов, ние сме ја завршиле нашата дипломатска работа.Ако некој отстапи од тој документ, при секое поглавје Бугарија може да го блокира.

    Затоа, како што им реков, зависи од вас. Нашето пријателство и братство, кога требаше да им дадеме поддршка – го покажавме.

    Ние кажавме какви се нашите услови, за да бидат примени во Европската Унија.

    Реклама

    Тоа не е (по) желба, ако нешто не ти се допаѓа, никој не те кани. Немаме тема. Ако сакаат… Ние први ги поддржавме за НАТО…

    Што, да излеземе и да кажеме дека сме Македонци, тоа ли да го кажеме?!

    Тоа е основниот документ според кој Бугарија ќе работи за напред. Ги сакаме, ги поддржуваме, но мојот совет е да не си поставуваат невозможни услови.

И покрај јасните сигнали од Бугарија изминатиов преиод, поранешниот премиер Зоран Заев како и претседателот Стево Пендаровски тврдеа дека Бугарија нема да влијае на европерспективите на земјата, односно дека прашањето е од билатерален карактер. МНР не испрати нота и по изјавата на бугарската шефица на дипломатијата која изјави дека македонскиот јазик е западно бугарски дијалект. Екс премиерот пред некој ден во гостување на едно телевизиско интервју најави дека Македонија мора да го исполни договореното со Бугарија. Голем дел од историчарите во Македонија пак сметаат дека ако Бугарија бара да се откажеме од се и во Унијата да влеземе обезличени, тоа не може да биде пријателство, туку условувување на истото.

Катерина Гетева