Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

„Болно“ здравство – пацинетите со мултипла склероза немаат лекови, повторно тендерот е проблем

Живот во болка заради неизвесни тендери – вака живеат пациентите со ретки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Живот во болка заради неизвесни тендери – вака живеат пациентите со ретки болести во Македонија. Болните со мултипла склероза повторно се соочуваат со недостиг на терапија. Инекциите “копаксон” кој им се неопходни ги нема на Клиниката за неврологија, а кога ќе пристигнат не се знае. Директорот оваа здравствена установа за Алфа вели дека во тек е постапката за набавка на лекот, но не откри кога ќе го добијат пацинетите.

“Постапката е во тек.Се очекува да заврши во брзо време.Односно, да помине управната контрола.Нема потреба за грижа, пацинетите ќе ја добијат потребната терапија” вели директорот на неврологија Висар Мифтари.

Но проблемот на болните со мултипла склероза не е само недостигот на  терапија. Пациентите се жалат дека се приморани да патуваат по три часа до Скопје за да си ги подигнат лековите, затоа што терапиите ги има само на клиниката за Неврологија.

Реклама

Лицата со МС бараат навремена дијагностика и современ третман со нови лекови.

Доцнењето на терапии поради тендерски процедури е проблем заради кој Здруженијата на пациенти бараат нешто да се смени во ситемот на набавки. Најпогодени се пацинетите со ретки болести.

Со мултипла склероза секоја година се дијагностицираат нови од 90 до 120 пациенти. Станува збор за хронична и прогресивна болест на централниот нервен систем. Во Македонија боледуваат околу 1.500 луѓе. Повеќето лица со МС се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 години, и за околу два-три пати почесто се дијагностицираат кај жените во однос на мажите. Причината за МС сѐ уште не е позната и до сега не постои лек, но постојат лекови кои можат да им помогнат на овие лица и да ја стават болеста под контрола.

Ања Лукарова