Реклама
Македонија

Боцевски: Споени или раздвоени избори, секако СДСМ ќе загуби, прашањето е колку

Месец дена помина, а работните групи кои ги понуди СДСМ за договарање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Месец дена помина, а работните групи кои ги понуди СДСМ за договарање датум за изборите, ниту се формирани, а камо ли да седнат н  на иста маса.

Од кабинетот на спикерот Џафери засега нема информација зошто не е свикана средбата, од СДСМ велат време за договарање датум имало.

Сепак, дел од аналитичарите велат дека се поголема е веројатноста причина за одложувањето на средбата на работната група да се калкулациите на СДСМ дали ќе одат со заеднички листи со ДУИ, но и заеднички кандидат за претседател, како и нивното вагање што повеќе им одговара дали споени дали раздвоени избори.

Реклама

Поранешениот амбасадор и вицепремиер Ивица Боцевски за Алфа вели која и опција да ја одберат, СДСМ се поизвесно е дека ќе изгубат на изборите. Во игра се две сценарија кои можат да им се случат, вели тој, сценарио Тадиќ , каде тој се надевал на победат на претседателски избори и со таква стартна позиција, победа и на парламентарните, но се случи обратното, вели Боцевски. А второто е сценарио Џукановиќ.

Тој годинава се надеваше дека тој затоа што е неприкосновен политичар во Црна Гора со силата на својата личност ќе победи на претсеателските избори кои се одржаа пред парламентаните избори па на крилјата на таа победа неговата партија ќе победи и на парламентарните избори. Но тој изгуби на претседателските избори, и не изгуби од тој кандидат кој очекувавме сите да му биде противник туку од неговата замена, вели Ивица Боцевски – поранешен амбасадор.

Боцевски посочува, сега математиките на СДСМ се како помалку да изгубат.

Тоа се математиките на СДСМ, дали боли повеќе да добијат еден ќотек или повеќе боли да бидат два пати претепани. Резултатот горе долу ќе биде сличен затоа што анкетите ги имаат и тие, од она што го знаеме дури и нивните анкети покажуваат далеку полоши резултати за нив, така што прашањето е дали ќе бидат обединети изборите со цел да се спречи институционална криза или пак ќе идат на раздвоени избори кои можат да направат голема политичка штета за Македонија, вели Ивица Боцевски – поранешен амбасадор.

ВМРО-ДПМНЕ го понуди 8 мај како ден за одржување на претседателски и парламентарни избори, ем да бидат споени за да не се трошат дополнителни 10 милиони евра за уште еден изборен циклус, ем за да бидат во редовен термин како што се барањата на СДСМ. Сите политички партии освен СДСМ немаат проблем со датумот, дури ни ДУИ, а ни партиајта на Таравари која е дел од владејачката коалиција. Од Алијанса велат изборите да се на во ист ден оти Мaкедонија е сиромашна држава, а два изборни циклуси дополмително ќе ја потрошат државата.