Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Бојковска: Безбеден град не е само за детектирање сообраќајни прекршоци и казнувања, туку и за спасување човечки животи

– За мене системот Безбеден град не е само систем за детектирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– За мене системот Безбеден град не е само систем за детектирање на сообраќајни прекршоци и казнувања, туку за мене овој систем значи пред се, како што видовме спасување на човечки животи – истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска во гостување на Алфа телевизија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката Бојковска дискутираше за имплементацијата на системот Безбеден град како и неговото функционирање, додавајќи дека целта е да се обезбеди заштита на човечки животи како и зголемување на сообраќајната култура.

„Со самиот систем на Безбеден град, го поздравувам тоа што македонските граѓани го покажаа, тоа значи дека можеме да имаме соодветна сообраќајна култура и да одговориме на оние предизвици коишто сега се пред нас. И многу ме радува што не само што учесниците во сообраќајот покажаа една зрелост и почитување на законите, туку гледам и соодветни позитивни впечатоци од оние коишто не се директни учесници во сообраќајот“, посочи Бојковска.

Реклама

Бојковска нагласи дека иако одредени политички структури не дале поддршка во Собранието за гласање на сет законски измени коишто ќе се усогласат со овој систем на Безбеден град и коишто ќе донесат едно позитивно законско решение, таа истакна дека сепак целта на ВМРО-ДПМНЕ којашто е најважна е да се обезбеди функционален систем во интерес на граѓаните.

„Многу жалам што навистина, овој систем за безбеден град треба да биде пред се еден натпартиски систем и едно натпартиско делување, и тоа и го покажавме во нашето делување, да повикаме на консензус кога се работи за безбедноста за граѓаните, бидејќи ценам дека безбедноста на граѓаните не е партиско прашање, туку тоа е национално државно прашање за коешто требаше сите ние да застанеме. Безбедноста на граѓаните не препознава партиска определеност, не познава верска определеност, препознавање по однос на одредена нација и затоа многу ми е жал, можам дека кажам дека за овој систем Безбеден град определени политички структури не дадоа поддршка онаму каде што беше најпотребно, а тоа беше во Собранието со гласање на оној сет на законски измени. Видовме реторики во коишто дневнополитички теми се отвораа, за мене сосема непотребно, како пратеник и како граѓанин пред се стојам на онаа цел којашто за нас е најважна, а тоа е да се обезбеди овој систем на Безбеден град да биде целосно функционален, без партиски стеги, без партиско влијание, целосна дигитализација за да можеме да имаме една поголема функционалност на самиот систем“, децидна е Бојковска.