Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Економија

Азески: Дијалогот е клучен за решение за минималната плата, не протестите

Дијалогот е клучен за решение на проблемот со минималната плата, порача претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дијалогот е клучен за решение на проблемот со минималната плата, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што ќе биде отворен Инвестициски центар.

Прашан за барањата за зголемување на минималната плата и протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија, Азески рече дека со протести нема да се најде решение за зголемување на платите на работниците и затоа неопходен е дијалог и разговор. Во меѓувреме во март треба да се разговара за усогласувањето на минималните плати во државата. 

-Стопати сум повторил, дијалог, дијалог и дијалог, протест не е никакво изразување на некакво мислење. Тоа може само да го искомплицира. Што да речам јас сега, да дадам изјава дека имаше 21 претставник на Синдикатот пред Комора и тогаш одма ќе се скараме. Така е. Затоа што ќе мисли дека нешто навредуваш. Дајте да седнеме да видиме, нема потреба да ја оптеретуваме јавноста. Тоа прашање е регулирано со Закон и во март месец се разговара за усогласување и регулирање. Ние сега наместо во институциите да преговараме, ние седиме на улица. Јас не велам дека мед и млеко тече во Македонија, ги знам сите проблеми, сите пропусти коишто постојат, вели Азески. 

Реклама

Првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Азески стои на ставот дека неопходно е да се разговара, за да се најде решение кое ќе одговара и за двете засегнати страни и на работниците и на работодавачите.

-Нас подеднакво не интересираат и работниците и работодавачите, нема фирма без работници и без работодавачи. Нашата услога е да бидеме мост, сите сакаме поголеми плати, прашањето е дали има, дали може, вели Азески. 

Според него, доколку во рамките на трипартитните преговори во Економско-социјалниот совет не се постигне договор за минималната плата, потребно е повторно да се седне на заедничка маса и да се продолжи со разговорите.

-Никој не сака да го наруши достоинството на работник, којшто мора да биде почитуван, а на работодавачите да им се восхитуваме затоа што успеваат да направат нешто и да ризикуваат за разлика од другите во општеството, посочи Азески.