Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Андоновска: Каде завршиле 800.000 евра од отпишаната пченица на СДСM

Трајан Димковски, поранешен министер и заменик министер за земјоделство од редовите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трајан Димковски, поранешен министер и заменик министер за земјоделство од редовите на СДСM, како и шеф на кабинет на Љупчо Николовски, во периодот од 2019-2021 година заедно со други 4 службени лица, направил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната партиска прес-конференција на Викторија Андоновска.

Пченицата е отпишана, иако постоела и била употреблива.

Димковски поднел записник до Владата дека има кусок на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви за период од 2007 до 2021 година, а Филипче, Заев и Николовски без никакви проверки го донеле заклучокот на владина седница.

Реклама

Дека станува збор за криминал говори фактот дека за ова немало законска основа бидејќи до 2019 година за извршените контроли, немало ни еден извештај дека има кусок на јачмен и пченица. Во превод, кусокот бил од 2019 до 2021 година.

Јавноста заслужува да знае каде завршиле овие 2.000 тони јачмен и пченица? Дали е точно дека имаат завршено на црниот пазар во една соседна држава? Дали и Љупчо Николовски, покрај Димковски и останатите, се има нафатирано од овој криминал? Дали Николовски изминатиот период е толку гласен во јавноста затоа што е вмешан во овој случај па е исплашен од одговорност?

Граѓаните заслужуваат правда и одговорност, а СДСM треба да престане да ги брани криминалците од своите редови. Тоа време заврши.