Реклама

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Македонија

Алиу: Креираме систем кој ќе следи и ќе дефинира долгорочни мерки за обезбедување терапија за сите пациенти

Подготвуваме национална стратегија за унапредување на третманот на пациентите со дијабетес и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подготвуваме национална стратегија за унапредување на третманот на пациентите со дијабетес и онколошки заболувања. Мора да креираме систем кој ќе следи и ќе дефинира, со цел навремено и долгорочно обезбедување на потребната терапија. Активно работиме и на проширување на позитивната листа и ажурирање на ценовникот, истакна министерот за здравство, Азир Алиу”.

Тој најави дека на седница на Влада, денес се очекува да биде усвоена информација за дисперзирање на онколошката терапија во Клиничка болница Битола, заедно со клиничките болници во Штип и во Тетово и ГОБ „8 Септември“. За таа цел, веќе е дефиниран и посебен протокол за аплицирање на терапијата.

Здравството е комплексен систем со многу карактеристики и преку системски пристап работиме на креирање нова методологија за финансирање и буџетирање за да поставиме темели за пофункционален здравствен систем. Воедно, правиме компарација на состојбата кај нас и во соседството и со колегите од регионот, се разгледуваат правно можностите и правиме план како заеднички да може да отвориме постапка за набавка на иновативни терапии за онколошки пациенти, истакна министерот Алиу.